Вакцинацијата во земјава во тек, ќе се набават дополнителни 100.000 вакцини Спутник V

Скопје, 22 февруари 2021 (МИА) – Државата ќе порача дополнителни 100.000 вакцини Спутник V, со што би се надополнил севкупниот план за вакцинација, додека неделава се очекуваат и првите информации за вакцини од Европската Унија, од директниот договор со Pfizer и од Ковакс механизмот, а неделава се очекуваат и вакциналните дози од Кина.

Во земјава во тек е вакцинирање на првата група – здравствените работници што работат во ковид центрите. Близу 95.000 граѓани се пријавени преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари, од кои 44.000 се граѓани на возраст над 70 години со хронични болести, што се во прва приоритетна група на граѓани која треба да бидат вакцинирани по медицинскиот кадар.

Вакцинацијата во земјава почна во средата со првата пратка од 4.680 вакцини Pfizer што ги добивме од Србија и досега се вакцинирани 850 здравствени работници.

Премиерот Зоран Заев вчера потвди дека ќе се набават дополнителни 100.000 вакцини Спутник V.

– Во координација со министерот за здравство синоќа добив информација дека имаме капацитет, согласно планот за предвидување, склучените договори и платените аванси, да направиме дополнително и 100.000 дози нарачка од следна вакцина, којашто би го надополнила севкупниот план, а не би предизвикало да останат вишок вакцини согласно планот на Министерството за здравство. Така што да одговорам на прашањето, да, би нарачале од Спутник V, бидејќи има капацитет од дополнителни 100.000 дози, да се направи порачка и од таму. Се што постои од вакцина, направивме нарачки, договори, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата ТАБМАК во Пробиштип.

Бројот на активини случаи на заразени со COVID-19 во земјава, според вчерашните податоци, е 7.822, откако во претходните 24 часа беа регистрирани 254 нови случаи од направени 2.160 тестирања. Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 2.973, Кавадарци 486, Прилеп 483 и Охрид 402.

Потоа следат Тетово со 234, Делчево 233, Велес 227, Куманово 213, Струга 176, Струмица 159, Битола 140, Гевгелија 134, Неготино 132, Гостивар 122, Штип 98, Ресен 68, Кичево 61, Крива Паланка 53, Кочани и Крушево по 48, Дебар 43, Радовиш 40, Кратово и Демир Капија по 33, Берово 32, Свети Николе 24, Пробиштип и Валандово по 23, Виница и Богданци по 22, Демир Хисар 13, Дојран девет, Македонски Брод седум, Македонска Каменица пет и Пехчево три активни случаи.

Според податоците од Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 626 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја изнесува 99.285, од кои оздравени се 89.400 и 3.063 починати.

Лекарската комора вчера предпреди дека една третина од пациентите со COVID-19 имаат нарушена црнодробна функција, а оние кои имаат цироза на црниот дроб за 32 отсто имаат поголеми шанси за смртен исход од вирусот.

– Оштетување на црниот дроб кај заболен од COVID-19 може да настане поради директно токсично дејство на самиот вирус или преку имунолошки механизам познат како цитокинската бура. Црниот дроб страда и кога не добива доволно кислород (хипооксија) во случаите на нарушена работата на срцето и на белите дробови, но тој може да се оштети и од лековите кои се даваат во третманот на COVID-19, како што се антипиретиците и антивирусните лекови. Вирусот кај пациентите со хронична болест на црниот дроб може да предизвика нејзина значителна прогресија и влошување, наведува Лекарката комора.

Според д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија, COVID-19 најчесто предизвикува хепатоцелуларно оштетување на црниот дроб, при што се зголемуваат трансаминазите (AST, ALT), а поретко се работи за холангиоцелуларна оштета, при што се покачуваат холестатските ензими (GGT, ALP).

– Научните истражувања покажуваат дека пациентите кои имаат неалкохолно замастен црн дроб и кои се заразени со COVID-19 имаат стабилен тек на болеста во 80 отсто од случаите, но оние кои имаат и покачен крвен притисок, дебелина или дијабетес мелитус тип 2 развиваат потешка клиничка слика на COVID-19. Оваа категорија на пациенти се повеќе склони и кон појава на оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови. Пациентите со црнодробна цироза имаат за 32 отсто зголемен ризик од смртен исход од COVID-19, предупреди Лекарската комора.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе