Фармацевтската компанија Pfizer соопшти дека нивната вакцина против коронавирус го штити организмот до 6 месеци од имунизацијата.
Овие податоци се објавени по спроведување на студија во која учествуваа 44.000 доброволци.
Pfizer и BioNTech објавија дека нивната вакцина против COVID-19 е ефективна 91 процент во спречувањето на болеста.
Од 927 потврдени случаи на КОВИД до 13 март, 77 заболени ја примиле вакцината, додека на 850 граѓани примиле плацебо.
Вакцината била 100 проценти ефикасна во спречувањето на заболување меѓу испитаници во Јужна Африка, каде доминира новата варијанта B1351. Во истражувањето учествувале 800 испитаници.