ФА КУП 2024/2025

Ван Нистелрој бесен на судиите: Не бевме поразени во Фергиево време туку во офсајд

Прославениот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, кој сега е менаџер на Лестер, беше огорчен откако беше исфрлен од ФА купот од „Црвените ѓаволи“.

Јунајтед победи со гол во 3. минута од судиското надополнување по очигледен офсајд, а Ван Нистелрој жестоко ги прозва судиите по натпреварот.

„Не загубивме во Фергиевото време, туку во времето во офсајд. За ова не е потребен ВАР, потребен ви е ВАР кога станува збор за ситуација која не е видлива со голо око. Мегваер беше на половина метар офсајд, линијата е јасна. Тешко е затоа што тимот заслужи нерешено на крајот и продолженија. Ќе останевме во игра не знаете што би можело да се случи“, рече поранешниот напаѓал на Јунајтед и додаде.

„Тоа беше многу добар тимски настап. Почнавме навистина добро, го притискавме Јунајтед секогаш кога ја имаше топката, бевме константни и заслуживме да одиме на пауза со водство од 1:0. Знаевме дека Јунајтед ќе притисне во вториот дел и ќе има неколку шанси, но немаше многу такви, па заслуживме да одиме во продолженија каде што можевме да одиме понатаму. Вакви одлуки е тешко да се проголтаат“.

Холандскиот стручњак алудираше на головите кои Јунајтед ги постигнуваше во самиот финиш на натпреварите под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Оттаму стана популарен изразот Фергиево време.

Имено, Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на натпреварувањето оваа сезона одлучи ВАР да се користи од 5. коло на ФА купот. Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен со оваа одлука.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе