КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2024/2025

Вареловски: И нам ни значи играњето во вечерен термин

Филип Здравески
/ 10.07.2024 / 13:32

Од таборот на Тиквеш на денешната прес-конференција пред утрешното европско деби истакнаа дека се среќни што нема да играат на скопските горештини, но и дека се оптимисти дека ќе имаат долго европско лето.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

„Верувајте, нам многу ни значи што ќе играме во вечерен термин. Искрено, и јас сум среќен што ќе играме навечер кога нема да биде екстремно топло. Како играчи, не ни е исто дали играме од 5 часот или од 8 и пол, има голема разлика. Новиот термин значи и поголема посетеност, на што и се надеваме за добра поддршка од трибините. Нормално дека на реваншот времето ќе биде друго бидејќи Исланд е на север, но за тоа потоа“, рече капитенот на Тиквеш на нашето прашање за промената на трерминот на одигрување на натпреварот.

УЕФА вчера информираше дека поради високите температури во Скопје, кои достигнуваат до 40°C, одлучила почетокот на натпреварот од 17 часот да се помести за од 20:30.

Тренерот Ѓорѓи Мојсов, пак, е оптимист кога станува збор за европското лето на кавадарчани. Тој верува дека Бреидаблик може да се помине, но и противникот во второто коло, косовска Дрита.

„Искрено, се надеваме и веруваме дека ќе се гледаме повеќе пати на европската сцена ова лето. Се подготвуваме за овој историски дуел за Тиквеш силно верувајќи дека може да одиграме квалитетни натпревари. Добро се подготвивме за противникот, одлично е анализиран и верувам дека ако го испочитуваме она што го договоривме на тренинзите, тогаш сигурно ќе продолжиме во наредното коло. Јас верувам дека Тиквеш може да мине неколку кола на европската сцена, го гледам клубот во Европа и по Бреидаблик и по Дрита“.

Натпреварот Тиквеш - Бреидаблик се игра в четврток од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Билетите ќе се продаваат на билетарницата на стадионот на денот на натпреварот.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе