Вашиот iPhone ви го следи секое движење, знаете ли како да го спречите?

Многу од апликациите што ги користите на вашиот iPhone ја користат и ја снимаат вашата локација на некој начин и ја складираат на вашиот уред, а оваа опција можете многу лесно да ја исклучите.

Секогаш кога барате насоки за возење или препораки за ресторани и активности, повеќето од вашите апликации веројатно ги користат податоците за вашата локација на еден или друг начин.

Ако имате iPhone, има начин да го видите списокот со најновите локации снимени од услугите за локација на вашиот телефон. Таа опција им овозможува на Apple и апликациите од трети страни да собираат податоци за вашата локација за да можат да ви дадат насоки и предлози за подоцнежна употреба.

Користејќи GPS и Bluetooth, како и пристапни точки за Wi-Fi и локациите на мобилните предаватели, Apple може да ја најде приближната локација на вашиот iPhone.

Списокот на вашите следени локации е именуван како Significant Locations. Услугата е целосно шифрирана, што гарантира дека Apple не може да пристапи до овие податоци, туку се користи исклучиво помеѓу вас (вашиот уред) и апликацијата што ги регистрира.

Significant Locations може да се вклучат или исклучат во делот Settings на апликацијата. Еве како да ја прегледате и избришете вашата листа на значајни локации:

  • отворете го менито Settings на вашиот iPhone со допирање на иконата на почетниот екран
  • изберете Privacy
  • допрете Location Services
  • Скролнете до дното на списокот со апликации што користат услуги за локација и изберете System Services
  • кликнете на опцијата Significant Locations

По автентикацијата со лозинка или Face ID, ќе го видите списокот со места што неодамна сте ги посетиле.

Некои корисници на iPhone во последниве години се жалеа на проблеми со вчитување на оваа функција и прикажување на нивната целосна историја на локации, но во повеќето случаи сè беше во ред.

Допрете едно од вашите зачувани места за да видите мапа со локациите кои неодамна сте ги посетиле.

Ако сакате да ја избришете целата историја на локации, вратете се на списокот Significant Locations, скролнете до дното на списокот и притиснете Clear History.

За да ja исклучите Significant Locations, поместете го лизгачот на врвот на списокот Significant Locations, пишува Business Insider.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе