Васил: Со музиката сум со чиста цел, гордо ја претставувам Македонија

Јас со музика сум со чиста цел, чиста визија и моментално имам огромна одговорност да ја претставам Македонија на Евровизија. Потпишав договор со Македонска радио телевизија, носител на тоа, иако јас сум гласот за сите нас. Да, има многу лавиринти, но изборот по која насока ќе одиме е наш. Мојот е да се фокусирам, вели годинашниот македонски претставник на Евровизија, баритонот Васил Гарванлиев во интервју за Deutsche Welle.

Во интервјуто истакнува дека во неговата биографија, во неготово портфолио е чисто назначено, кој е, од каде доаѓа, каде живее, каде твори и што прави.

„Ќе се навратам, на сите македонски медиуми, онлајн и телевизии, досега во овие три години се имам појавено барем по еднаш каде што кажувам колку сум горд, и кога сите бегаат од нашата земја, јас верувам во нашата македонска музика, македонска традиција, ѝ се вратив затоа што знам што можеме и како можеме“, вели тој.

Истакнува дека е жално што кај нас политиката е вмешана буквално во секоја сфера, а сите ние ги знаеме последиците од сето тоа.

„Видете, појаснува, каква година поминавме, Ковид. Да, најлесно е да кажеме откажи го тој натпревар, откажи го тој настан, но што ќе постигнеме со тоа? Клучот за мене е човечноста. Што имаме да кажеме. Да може да застанеме и… што, што ќе биде? Не! Време е да застанеме заедно, да тргнеме сѐ настрана. Уметноста, музиката и спортот е тоа што ја води и крева една нација. Свесен сум што доаѓа во мај за мене. Застанете со мене, зошто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“. Поминав многу, многу, овде стојам со отворено срце, ѕидови се урнати и ви се давам вам. Пејам за вас, пејте и вие со мене“, вели Гарванлиев.

За тоа дали има ентузијазам за Ротердам, вели дека е интересна неговата патека и дека ова ќе му дојде како трета мајка.

„Отидов со Тамара 2019, ја подготвував, застанав позади неа, лани бев одбран, голема благодарност, се откажа, душата ми падна и ме инспирираше да ја напишам „Here I stand“. Годинава, пред да се случи ова што се случува, ако бев жарче со Тамара, оган лани, сега сум еден вулкан. Со новиот бран на сѐ што доаѓа кон мене имам уште поголема желба да застанам за сите нас и да покажам кои сме, што сме и што можеме, истакнува Гарванлиев.

Во интервјуто во однос на двојното државјанство и како се чувствува, вели како човек со огромно срце, искрена душа, полна со приказна и музика.

„Да, јас сум роден во Македонија и верувале или не, јас сум еден од најгордите Македонци. Но, факт, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме. Мојата баба, мајка на мојот татко, кои не се со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа, горд сум и на тоа. Јас сум Македонец. Каде и да настапував, пред и позади сцена, Чикаго, Лондон, Париз, сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев. Музиката, тоа е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказна, корени и нема никогаш да се извинам за тоа“, потенцира Гарванлиев во интервјуто за Deutsche Welle.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе