Ваучерите за туризам на располагање, граѓаните внимателни поради COVID-19

Хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта и бањи, се дел од капацитетите низ земјава во кои може да летуваат или зимуваат граѓаните со приходи до максимум 15.000 денари месечно.

Охрид; Фото: Кајгана

Ова го овозможуваат ваучерите од 6.000 денари кои им се веќе испорачани и кои може да ги искористат до 15 декември годинава, а се дел од мерката „Дома си е дома“ за поддршка на домашниот туризам.

Вкупно 117.122 граѓани може да ги користат ваучерите за одмор. На платформата www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk може да одберат некој од сместувачките капацитети.

Првичната оценка на сместувачките капацитети е дека луѓето се заинтересирани за искористување на поддршката, но засега сè уште се плашат од ситуацијата со COVID-19. Агенцијата за туризам, пак, очекува годинава од домашните гости да бидат остварени повеќе од два милиони ноќевања, бројка во која значителен удел ќе имаат токму ваучерите.

-Ние претседававме со Координативното тело во кое коморите заеднички ја донесоа мерката за домашниот туризам. Очекувам заеднички до крајот на годината да оствариме повеќе од два милиона ноќевања, во кои секако и ваучерите ќе имаат сериозен удел. Тоа ќе помогне за намалување на негативниот тренд во туризмот и, ако дозволат условите, да имаме помал минус од останатиот дел на регионот, вели за МИА директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.

Платформата „Дома си е дома“ беше официјално промовирана пред еден месец од министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за финансии Нина Ангеловска. Претходно беше соопштено дека сите туристички капацитети кои сакаат да бидат дел од оваа владина мерка и да се најдат на Платформата, мора да бидат категоризарани и регистрирани. 

реклама

Денот кога диносаурусите изумреа, објаснет до детали

Read more

Пет причини зошто жените изневеруваат

Read more

Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Read more

Актерката Силвија Стојановска доби затворска казна за транспорт на кокаин

Read more

Македонија

Кои се ставовите на домашните политичари пред 22 јуни?

Read more

Сончево и потопло, повремено засилен ветер во Повардарието

Read more

Од утре се укинува полицискиот час, одлучи Владата

Read more

Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

Read more
 

Вести

Кои се ставовите на домашните политичари пред 22 јуни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот самит Бајден-Путин планирано е да трае четири до пет часа, без храна

Читај повеќе

Сончево и потопло, повремено засилен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 13 лица од Пакистан

Читај повеќе

Од утре се укинува полицискиот час, одлучи Владата

Читај повеќе

Шекеринска: Овој НАТО Самит беше историски за земјава

Читај повеќе

Словенија прогласи крај на епидемијата, но не и на мерките

Читај повеќе

Кривична за скопјанец за криумчарење мигранти

Читај повеќе

Неколку скопски улици утре без вода

Читај повеќе