СЕРИЈА А 2020/21

Вечер за првпат римското дерби пред празни трибини

За првпат во историјата на дуелите помеѓу Лацио и Рома ќе нема публика на трибините, а првпат и двајца шпански голмани ќе бидат помеѓу стативите.

Вечерва од 20:45 часот на „Олимпико“ ќе се отвори 18. коло во Серија А со познатото Дерби дела Капитале помеѓу вечните ривали Лацио и Рома.

Но, ќе се игра пред празни трибини, поради веќе познатата причина. Тоа ќе биде првпат во 91-годишната историја на ова дерби да нема публика.

Минатата сезона двете дербија се играа пред прекинот, а второто беше на 26 јануари. И двете завршија со ист резултат од 1:1.

Ова ќе биде дерби број 155 во Серија А. Лацио има 39 победи, Рома има 55, а 60 натпревари завршиле нерешено. Првото римско дерби е одиграно на 8 декември 1929 година кога Рома како гостин победила со минимални 1:0.

Интересно, но вечерва за првпат на двата гола ќе бидат шпански голмани. Пау Лопес е стандарден кај Рома, додека кај Лацио поради повреда не може да брани албанскиот репрезентативец Томас Стракоша, па помеѓу стативите ќе застане шпанскиот ветеран Пепе Реина.

Натпреварот ќе го суди Даниеле Орсато.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе