Вечерва се игра финалето на Светското првенство во пикадо, колку ќе заработи победникот?

Британецот Лук Литлер (17) и Холанѓанецот Михаел ван Хервен (35) вечерва од 20:45 часот ќе играат во финалето на Светското првенство во пикадо.

Литлер и лани беше во финалето на Светското првенство, но загуби од својот истоименик Хемфрис, кој моментално е играч број еден во светот, а беше елиминиран во осминафиналето од Питер Рајт.

Талентираниот Литлер во полуфиналето го нокаутираше Стивен Бантинг со 6:1 во сетови и ова ќе му биде второ финале во вториот настап на Светските првенства.

Од друга страна, Ван Хервен игра одлично на овој турнир и британските медиуми пишуваа дека ова може да биде негово големо враќање на самиот врв на светското пикадо.

Тој синоќа во полуфиналето го совлада Англичанецот Крис Доби со доминантни 6:1 во сетови.

За трикратниот светски шампион Ван Хервен ова ќе биде шесто финале, но младиот Британец е миленик на обложувалниците.

Инаку, само со пласманот во финалето, пикаџиите обезбедија награди од 241.000 евра, а толку ќе добие и поразениот, додека победникот ќе си замине дома со 600.000 евра.

Љубителите на пикадо во Македонија финалето ќе можат да го следат во директен пренос на Arena Premium 3.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Останати спортови

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Read more

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Read more

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Read more

Филаделфија Иглс го декласираше Канзас Сити Чифс и го освои Супербоулот

Read more
 

Спорт

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе