Со по еден натпревар на програмата вечерва од сите три првенства ќе се означи почетокот на новата 2022/2023 сезона во три од петте најдобри европски фудбалски лиги.
Германската Бундеслига, англиската Премиер лига и фрнацуската Лиг 1 денеска, утре и в недела ќе го одиграат воведното коло од новата сезона.
Петок, 20:30
Ајнтрахт - Баерн (SK1)
Со дуелот на победникот на Лига Европа и актуелниот шампион на Бундеслигата ќе почне новата сезона во германската елита. Македонските љубители на германскиот фудбал овој дуел ќе можат да го следат на SK1.
Сабота, 15:30
Аугсбург - Фрајбург (SK7)
Борусија (М) - Хофенхајм
Бохум - Мајнц (SK8)
Унион - Херта (SK1)
Волфсбург - Вердер (SK6)
Сабота, 18:30
Борусија (Д) - Баер Леверкузен (SK1)
Апсолутен фаворит и оваа сезона е минхенски Баерн, а интересна се очекува да биде борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите за кои би требало да конкурираат Борусија (Д), Баер Леверкузен, Ајнтрахт и Лајпциг.
Недела, 15:30
Штутгарт - Лајпциг (SK1)
Недела, 17:30
Келн - Шалке 04 (SK1)
Петок, 21:00
Кристал Палас - Арсенал (Arena Premium 1)
Новата сезона на Островот ќе ја отвори засилениот Арсенал со гостување кај локалниот лондонски ривал Кристал Палас. Овој дуел македонските премиерлигашки фанатици ќе можат да го проследат на Arena Premium 1.
Сабота, 13:30
Фулам - Ливерпул (Arena Premium 1)
Сабота, 16:00
Борнмут - Астон Вила (Arena 2)
Лидс - Вулверхемптон (Arena 1)
Њукасл - Нотингем Форест (Arena Premium 2)
Тотенхем - Саутемптон (Arena Premium 3)
Сабота, 18:30
Евертон - Челси (Arena Premium 1)
Бранителот на тронот Манчестер Сити според сите обложувалници е најсеризен кандидат за одбрана на титулата. Но, во потесниот список се и Ливерпул, Тотенхем и Челси, а се очекува добра борба од Арсенал, додека Манчестер Јунајтед останува мистерија.
Недела, 15:00
Лестер - Брентфорд (Arena Premium 2)
Манчестер Јунајтед - Брајтон (Arena Premium 1)
Недела, 17:30
Вест Хем - Манчестер Сити (Arena Premium 1)
Петок, 21:00
Лион - Ажаксио (Arena Premium 2)
Последната по квалитет од најдобрите 5 европски лиги исто така го означува својот старт вечерва и тоа со дуелот на квалитетниот Лион против повратникот во елитата, тимот на Ажаксио, или како што локалното население го нарекува - Ајачо. Овој дуел вечерва ќе оди директно на Arena Premium 2.
Сабота, 17:00
Стразбур - Монако (Arena 6)
Сабота, 21:00
Клермон - Пари Сен-Жермен (Arena Premium 1)
Апсолутен фаворит во оваа лига е ѕвездениот тим на ПСЖ. Сѐ друго ќе биде огромна сензација и дебакл за „Светците“. Како и во Бундеслигата, во Франција борбата воглавно ќе се води за местата кои водат во Лигата на шампионите, каде се очекува најжестока борба помеѓу Марсеј, Лион и Монако, но не треба да се заборават ниту незгодните Ница и Лил.
Недела, 13:00
Тулуз - Ница (Arena Premium 2)
Недела, 15:00
Анжер - Нант (Arena 4)
Ланс - Брест (Arena 5)
Лил - Оксер (Arena Premium 3)
Монпелје - Троа (Arena 3)
Недела, 17:05
Рен - Лорјан (Arena Premium 2)
Недела, 20:45
Марсеј - Рамс (Arena Premium 1)
Што се однесува до другите две од топ 5 европските лиги, италијанската Серија А и шпанската Примера, тие почнуваат наредниот викенд.