„Ведет“ на МакеДокс: Како се однесуваме кон животните кажува многу за тоа како се однесуваме кон луѓето

Александра Спасеска
/ 12.08.2022 / 14:22

Под мотото „Лупење идеи“, годинава од 18 до 25 август ќе се одржи 13-тото по ред издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс. Фокусот на годинешното издание е ставен на развојот на идеите.

Фестивалот ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во Europe house.

Еден од документарците кои ќе бидат прикажани во главната програма е „Ведет“ на Клодин Борис и Патрис Шањард.

„Ведет е крава. Ведет е кралица. Всушност, таа своевремено била кралица на кралиците на алпските пасишта. Но Ведет е сега стара и со цел да биде поштедена од понижувањето и надминувањето од помладите ривалки, нашите соседи нè замолија да се грижиме за неа преку летото. Тогаш и откривме дека секоја крава е посебна. Приказната се одвива на една висока долина во срцето на Швајцарските Алпи“, стои во краткото сиже претставено од МакеДокс.

Претходните документарни филмови на Борис и Шањард најчесто се случуваа во градови или урбани средини. Што ги мотивираше овојпат да се фокусираат на борбите со крави во горната долина на Швајцарија?

„За нас борбите беа главно добра почетна точка. Фактот дека тие крави, тие ‘кралици’ како што ги нарекуваат Швајцарците, се борци, е навистина фасцинантен. Но, јас и Клодин размислувавме многу за начинот на кој луѓето комуницираат со животните неколку години, на филозофски, поетски и политички начин. Да, кравите се убави и величествени, а исто така убава е и долината. Но, уште поважно, почувствувавме дека тие се сретнаа со нашите сопствени размислувања за местото на човештвото во природниот свет“, објаснува Шањард.

„We the People, The Arrivals и Rules of the Game беа три филмови за политички прашања, како што е ситуацијата на барателите на азил или тешкотијата да се најде работа во нашето сегашно општество... Ведет прави огледало на нашиот свет на многу поинаков начин.“

Борис, пак, објаснува дека нивниот филм секогаш бил политички.

„Нашите претходни филмови беа навистина појасни во врска со тоа, тие се осврнаа на јасни проблеми во начинот на кој нашето општество функционира или не функционира. Но, во последно време, јас и Патрис ја гледаме големата слика. Стоиме среде голема еколошка криза и тоа не тера да го преиспитаме начинот на кој се однесуваме кон другите живи суштества. Ја делиме нашата планета со животните, а сепак ги брутализираме. Капиталистичкото општество и масовната потрошувачка ги експлоатираат. И нè тера да се запрашаме: како и зошто дојдовме до воспоставување таков однос со другите живи суштества?“

Шањард се надоврзува дека се убедени дека начинот на кој се однесуваме кон животните кажува многу за начинот на кој се однесуваме кон другите луѓе.

„Историјата многупати го докажала тоа. Со фокусирање на нашите интеракции со животните, и запомнувајќи дека животинскиот живот е навистина живот, можеме да ја преиспитаме сопствената човечност и нашето место во светот насекаде околу нас.“

Ведет е кралица. Зошто фармерите се толку желни да имаат кралица?

„Затоа што доаѓа со многу престиж! Не можете да ја замислите гордоста да имате добра кралица. Но, ние живееме во капиталистички свет и за жал, тие крави сега стануваат скапи. Некои луѓе не се двоумат да платат многу пари за кралица. Бидејќи тоа значи дека и нејзиното потомство може да се продаде за добра цена, бидејќи ќерката на кралицата има поголеми шанси и да стане кралица“, вели Шањард, а Борис појаснува дека во оваа област, животното е дел од семејството и дека фармерите ги чуваат портретите на своите кралици покрај оние на членовите на семејството.

„Тоа покажува неверојатна врска. Животните не се едноставен начин да заработат за живот. Филмот стои како доказ дека односите меѓу луѓето и животните можат да бидат многу попочитувани и понежни отколку што се денес.“

Remote video URL

Сите новости и евентуални измени во програмата ва 13-тиот МакеДокс можат да се следат на настанот на Facebook.

Тагови
реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Култура

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Read more

Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со врвниот виолинист Барнабаш Келемен

Read more

Целосна програма за вечерашниот настан Бела ноќ 2023

Read more

Ана Стојаноска - член на жирито на театарскиот фестивал МЕС во Сараево

Read more
 

Вести

Топло со свежи утра до среда, од четврток дожд

Читај повеќе

Приведени шест албански државјани во Тетовско

Читај повеќе

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Читај повеќе

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секој понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Читај повеќе

Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Читај повеќе

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Читај повеќе

Пронајдена граната од Првата светска војна на патот за битолското село Бистрица

Читај повеќе

Распишан конкурсот за поетската награда „Даница Ручигај“

Читај повеќе

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува - нови цени на горивата

Читај повеќе