Во Нов Зеланд веќе 14 дена по ред нема нови случаи на заразени со коронавирус, а жителите се радуваат што наскоро ќе се вратат во нормала, пренесува The Guardian.
Од COVID-19 починаа само 22 луѓе, неколку илјади жители ја изгубија работата, а туризмот претпрпува големи загуби. Меѓутоа, тие сметаат дека поминале добро, за разлика од другите земји.
Со оглед на тоа дека веќе 14 дена нема нови случаи со коронавирус, научниците велат дека наскоро ќе прогласат дека го елиминирале вирусот. Министерството за здравство објасни дека целосната елиминација на вирусот ќе биде официјална откако ќе поминат 28 дена од последниот позитивен случај.