НБА 2024/2025

Вемби го издоминира Леброн, па тренерот Редик бараше да се слика со децата

Сан Антонио Спарс го победи Лос Анџелес Лејкерс на гости со 126:102, иако имаше заостанување од двоцифрена разлика во средината на третата четвртина.

Во таа трета четвртина беше 84:74 за „Езерата“, по што Виктор Вембанјама ги презеде работите во свои раце и целосно издоминира со Ентони Дејвис, па ги предводеше Спарс до победа.

Каков натпревар одигра францускиот репрезентативец најдобро говори потегот на тренерот на Лејкерс, ЏејЏеј Редик, кој по крајот на натпреварот дојде до Вембанјама и го замоли да ги поздрави неговите деца, што младата НБА ѕвезда и го направи.

Инаку, Французинот постигна 23 поени со 8 скокови и 5 асистенции, а исто толку поени постигнаа Стефон Кесл и Девин Васел. Кесл додаде 4 скокови, а Васел 6 со 4 асистенции. Харисон Барнс мечот го заврши со 17 поени, 4 скокови и 3 асистенции, а Крис Пол додаде 13 со 10 асистенции и 2 скока, додека двоцифрен беше уште и Келдон Џонсон со 10 поени, 3 асистенции и 2 скока.

Кај Лејкерс најдобар беше Дејвис со 30 поени, 13 скока и 2 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 18 со 8 асистенции и 5 скокови. Остин Ривс мечот го заврши со 12 поени, 8 асистенции и 5 скокови, додека Макс Кристи уфрли 10 поени.

Remote video URL

Резултати:

Вашингтон Визардс - Минесота Тимбервулвс 106:120
Њујорк Никс - Детроит Пистонс 119:124
Торонто Репторс - Голден Стејт Вориорс 104:101
Хјустон Рокитс - Мемфис Гризлис 120:118
Лос Анџелес Клиперс - Мајами Хит 109:98
Лос Анџелес Лејкерс - Сан Антонио Спарс 102:126

Табела:

реклама

Кошарка

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Read more

Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот

Read more

Јамајка создава моќна кошаркарска репрезентација

Read more

Дончиќ за своите почетоци: Бев собирач на топки во Евролигата

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе