Рекорден потоп има во Венеција откако водостојот се покачи за 1,87 метри, што претставува најмногу од 1966 година.
Три вапорети се потонати како резултат на невремето кое предизвика големи бранови. Многу продавници и хотели се поплавени, а познатиот плоштад Сан Марко е целосно под вода.