Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаса го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „арогантен шарлатан“ и ја критикуваше неговата „интервенционистичка реторика“ во говорот пред Конгресот, во кој го критикуваше венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Ареаса беше министер за наука и технологија во последните години од владеењето на Уго Чавес. Воедно, тој служеше и како неофицијален потпарот на семејството Чавес. Кога Мадуро дојде на власт, Ареаса стана потпретседател на Венецуела.
Во исто време, лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, објави дека денеска ќе ја има долгоочекуваната средба со Трамп во Вашингтон.
Белата куќа во соопштение информира дека се работи за уште еден показател за поддршка на САД за народот на Венецуела.
Во соопштението се вели дека Трамп и Гуаидо ќе разговараат за тоа како САД можат да соработуваат со лидерот на опозицијата „со цел забрзување на демократската транзиција што би ставила крај на сегашната криза“.