УЕФА ЕУРО 2020

Венгер: Франција е фаворит на ЕУРО, Англија ѝ е најголема закана

Поранешниот долгогодишен предводник на Арсенал смета дека Англичаните ќе му бидат главниот ривал на актуелниот светски шампион за освојувањето на трофејот на УЕФА.

Како и секој, така и Арсен Венгер има свој фаворит на претстојното Европско првенство. Не дека Франција е негова татковина, туку едноставно тој е импресиониран од силината и талентот со кои располагаат „Ле Блу“, а пред се младоста на составот на селекторот Дидје Дешан.

„Тие не се фаворити, тие се супер фаворити. Фаворити не е доволно бидејќи кога ќе се освои Мундијал, а притоа во составот се играчи како Канте, Погба, Бензема, Гризман, Коман, Жиру, Дембеле... На клупата имаат 11 играчи кои едноставно можат да играат во било која репрезентација. Не можете да го порекнете фактот што тие се светски шампион, а го немаат достигнато својот пик. Тие се тим кој сѐ уште оди напред, бидејќи имаат многу млади момци. Освен два-тројца, во костурот на тимот се многу млади“, вели тој за Sky Sports.

И да е главен фаворит Франција, мора да постои некоја репрезентација која би ѝ парирала. За Венгер тоа е Англија.

„Англија има одлични фудбалери. Можеби дел од нив сѐ уште се доста млади, но сезонава со Мејсон Маунт, Фоден, потоа Грилиш, Деклан Рајс, и нормално Хари Кејн напред и некои поискусни како Хендерсон, тие можат да ѝ парираат на Франција“.

Англија е една од земјите домаќини и е во групата Д заедно со Шкотска, Хрватска и Чешка, додека Франција е во „групата на смртта“ со Германија, Португалија и Унгарија. Во зависност од пласманот, Франција и Ангија би можеле да се сретнат уште пред финалето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе