ФОРМУЛА 1 2024

Верстапен е горд на титулата, но сепак послатка му е минатогодишната

Макфакс/Кајгана
/ 25.11.2024 / 20:06

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека никогаш не ни замислувал дека ќе освои 4 последователни шампионски титули во Формула 1 и дека сепак ја претпочита титулата што ја освои минатата сезона.

„Стоењето овде како четирикратен светски шампион е нешто што никогаш не мислев дека ќе биде возможно. Значи, во овој момент чувствувам само олеснување, но и многу гордост“, изјави 27-годишниот холандски возач, објави Sky Sport.

Верстапен ја освои својата четврта последователна титула во Формула 1 со петтото место на трката за ГН на Лас Вегас. Холанѓанеџот се изедначи на третото место на сите времиња со Себастиан Фетел и Ален Прост. Пред нив по бројот на титули се Хуан Мануел Фанџо со 5, како и водечките Михаел Шумахер и Луис Хамилтон со по 7 трофеи.

Во генералниот поредок Верстапен има недостижни 403 бода, додека неговиот најголем ривал Ландо Норис од Мекларен заостанува 63 бода. Возачот на Ферари, Шарл Леклер е на третото место со 319 бодови.

Верстапен додаде дека сезоната е многу долга, одчично ја започнале со тимот, а подоцна влегле во резултатска криза.

„Како тим работевме заедно, продолживме да го подобруваме болидот и на крајот ја минавме целта“. Неверојатно сум горд на сѐ што направија за мене“, рече Верстапен.

Тој исто така рече дека и понатаму ја претпочита претходната титула, која ја освои на доминантен начин со речиси 300 бодови пред второпласираниот тимски колега Серхио Перес.

„На некој начин, сè уште ја претпочитам минатата сезона, многу уживав, но мислам дека повторно научив многу лекции оваа сезона. Начинот на кој што ја освоивме титулата ја прави оваа сезона многу посебна и убава“, заклучи Верстапен.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Лас Вегас, втор беше неговиот тимски колега Луис Хамилтон, додека трет заврши Карлос Саинс од Ферари.

До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а следната ќе се вози на 1 декември во Катар. Покрај главната трка следната сабота, ќе има и спринт во Катар.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Најидеалниот спорт за секој хороскопски знак: Астрологијата знае во која активност блескате

Read more

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Read more

Фудбал

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Read more

Барди раскина со Трабзонспор, се враќа во Шпанија?

Read more

Одбрана на сезоната го лиши Јувентус од победа во Бергамо

Read more

Силекс имал химна! Сте ја слушнале?

Read more
 

Спорт

Меси ќе го продолжи договорот со Интер за следната сезона да се врати во Барса

Читај повеќе

Пролет: Името на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб

Читај повеќе

Барди раскина со Трабзонспор, се враќа во Шпанија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Одбрана на сезоната го лиши Јувентус од победа во Бергамо

Читај повеќе

Почина Александар Јовиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ го сруши рекордот на Лери Брд

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Читај повеќе
  • play_arrow

Силекс имал химна! Сте ја слушнале?

Читај повеќе

Почнува ракометното Светско: Данците се фаворити за одбрана на титулата

Читај повеќе