Верстапен: Последниве сезони Хамилтон немаше вистински конкурент за титулата

Ф1
МИА
/ 26.05.2021 / 16:15

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, вели дека Луис Хамилтон изминатите неколку години без потешкотии стигнуваше до шампионскиот трофеј од причина што немал вистински конкурент.

„Во последните години Хамилтон не мораше навистина да се бори за титулата, бидејќи со Себастијан Фетел тоа не беше баш вистинска битка. Во секој случај, секој може да каже што сака. Знам дека треба да бидам брз и се радувам на шансата навистина да се борам за трофејот. Ние, како тим, мора да продолжиме да му парираме на Мерцедес ако сакаме противниците да прават грешки“, изјави Холанѓанецот.

И покрај недостатокот на вистинска конкуренција, Верстапен рече дека сепак го смета Хамилтон за еден од најдобрите возачи во историјата на Ф1.

„Луис скоро секогаш ги победуваше своите ривали. Затоа се согласувам дека тој е еден од најдобрите Ф1 возачи во историјата. Сепак, во последните години, Мерцедес навистина доминираше во Формула 1 и Луис немаше друг ривал, освен неговиот тимски колега. Истото се случуваше во златната ера на Ферари“, додаде холандскиот возач.

Верстапен по пет трки во Ф1 шампионатот е лидер во поредокот со 105 бодови, 4 повеќе од Хамилтон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Ф1

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе