Доделени наградите „Предводници на одржливиот развој“ на Бизнис форумот за одржливост

Денеска во Клубот на пратеници се одржа Бизнис форумот за одржливост, на кој Клубот на одговорни бизниси на Здружението Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија ги додели наградите „Предводници на одржливиот развој“, со кои се одликуваат компании и поединци што со своето работење придонесуваат за одржливо и одговорно општество.

Наградите им беа врачени на компаниите:

„Халкбанк АД Скопје“ – Награда за климатска акција и зачувување на природата

„Македонски Телеком“/„Фондација Телеком за Македонија“ – Награда „Партнерства за одржлив развој“

„ЕВН Македонија“ – Награда „Бизнис и човекови права“

„Комерцијална банка АД Скопје“ – Награда „Добри соседи“

„НЛБ Банка АД Скопје“ – Награда за благосостојба на вработените

„Макпрогрес ДОО“ – Награда за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата

„Фармахем“ – Награда за родово одговорни семејни политики за мали и средни претпријатија

„Алкалоид АД Скопје“ – Награда за родово одговорни семејни политики за големи претпријатија

Компанијата „Пакомак“ доби признание за мала компанија што покажува лидерство во промовирање одржлив развој, а признание за посветеност на родово одговорни семејни политики доби „Реплек АД Скопје“. Признание за посветеност на родово одговорни семејни политики во текстилната индустрија се додели на „Комфи Ангел“.

Повелбата „Горан Лазаревски“ за заслуги во одржливиот развој ја доби Марјонка Велјановска извршнa директоркa на „Фармахем“. Наградата „Лидерство за одржлив развој“ му беше доделена на г. Живко Мукаетов, генерален директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Форумот обедини над 100 претставници од бизнис секторот, институциите и граѓанските организации кои разменија ставови за актуелните трендови во одржливоста, ESG и улогата на компаниите во справувањето со развојните предизвици. Настанот вклучи инспиративни обраќања и говори, како и панел дискусија посветена на придонесот на компаниите кон општествениот развој.

„Одржливите практики, инвестициите во вработените, грижата за животната средина и одговорното корпоративно управување повеќе не се избор, туку неопходност за долгорочен успех и конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар. Преку Националната стратегија за МСП 2025–2030 и реформите во рамки на Планот за раст на ЕУ, се создаваат услови за зелена и дигитална трансформација, поголема продуктивност и нови можности за развој на бизнисите.“ – изјави Државниот секретар во Министерството за економија и труд, Јумни Адеми.

„Одржливиот развој не е изолирана активност, туку интегриран пристап што ги поврзува економските, социјалните и еколошките аспекти на работењето. Компаниите имаат клучна улога – како работодавачи и двигатели на економијата – и преку нивните одговорни практики директно придонесуваат за подобро општество. Добитниците на наградите се пример дека вложувањето во луѓето, заедницата и ресурсите носи општествена вредност и долгорочна конкурентност.“ – изјави извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова.

Конект традиционално ги доделува наградите за одржлив развој во партнерство со Министерството за економија и труд и со поддршка на Програмата „Проширување на изборот“ која ја спроведуваат Фондот за население на Обединетите нации и Конект, финансиски поддржана од Австриската агенција за развој (АДА) со чија поддршка за прв пат се воведе и награда за родово одговорни семејни политики. Наградените ќе бидат инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на oдржливиот развој.

Клубот на одговорни бизниси на Конект претставува уникатна платформа што им овозможува на компаниите да работат заедно со граѓанскиот сектор и институциите на заедничко креирање практични решенија на најголемите општествени предизвици. Клубот на одговорни бизниси е поддржан од 36 извршни директор(к)и на најактивните компании кои разбираат дека одговорноста и одржливоста е составен дел на бизнисот.

реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Бизнис

Николоски: „ВизЕр“ поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Read more

Банките од еврозоната ги заоструваат условите за одобрување кредити

Read more

Рекордна казна за AliExpress: 550 милиони евра за продажба на опасни и нелегални производи

Read more

ePaket започнува со работа во Македонија: Пакетомати за брзо, сигурно и 24/7 преземање пратки

Read more

Вести

Ѓорѓиевски: Град Скопје е спремен за невремето

Читај повеќе

Перински назначен за в.д. директор на Фондот за здравствео осигурување

Читај повеќе

Николоски: „ВизЕр“ поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Читај повеќе

Прогласена 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Читај повеќе

Нови детали за обвиненијата против браќата Тејт: Силување, давење, трговија со луѓе

Читај повеќе

Сè повеќе случаи на сексуално насилство врз деца во Германија

Читај повеќе
  • play_arrow

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Читај повеќе

Банките од еврозоната ги заоструваат условите за одобрување кредити

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев: Гостиварската канализација го наплати данокот од 30 години партизација

Читај повеќе