ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE.

Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан Манчевски, член на Управниот одбор на МАСИТ, кој ги претстави најновите показатели за растот на секторот, неговото влијание врз економијата и трендовите што го очекуваат во наредниот период.

Според анализата на МАСИТ, секторот во 2025 година бележи раст од 7,02% на приходите и 7,13% на извозот во однос на претходната година. Во индустријата работат 24.134 вработени во вкупно 3.367 активни компании.

Особено значаен е долгорочниот тренд на раст. Во периодот од 2020 до 2025 година, приходите на ИКТ секторот се зголемиле за 80%, од 985 милиони евра на 1,77 милијарди евра, додека извозот пораснал за дури 193%, од 231 милион евра на 676 милиони евра. Во истиот период бројот на вработени е зголемен за 44%, а бројот на компании за 42%.

„Овие бројки потврдуваат дека ИКТ секторот одамна не е само една од перспективните индустрии во земјата, туку еден од клучните носители на економскиот развој, извозот и висококвалификуваните работни места. Растот што го гледаме во изминатите години е резултат на континуирани инвестиции во луѓе, знаење и иновации, но и доказ дека македонските компании успешно се натпреваруваат на меѓународните пазари“, изјави претседателот на МАСИТ, Јордан Димитриевски.

Анализата покажува дека ИКТ секторот учествува со околу 4,5% во бруто-домашниот производ на државата и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија. Додека вкупниот економски раст изнесува 3,8%, секторот бележи раст од 7,4%.

Податоците беа презентирани пред претставници на македонски и грчки компании, институции и организации за време на првиот билатерален ИКТ форум, на кој беа реализирани над 190 деловни средби и беа претставени повеќе од 20 компании од двете земји.

реклама

Топол воздух од Сахара доаѓа во Европа, температурите ќе достигнат 47°C

Read more

Реакција на Русија за пристапувањето на Македонија во Коалицијата на волните

Read more

Откриено живо суштество старо 2.300 години на дното на морето 

Read more

Зборови вредни повеќе од медал: Јамал откри што му рекол Меси по финалето

Read more

Бизнис

Николоски: „ВизЕр“ поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Read more

Банките од еврозоната ги заоструваат условите за одобрување кредити

Read more

Рекордна казна за AliExpress: 550 милиони евра за продажба на опасни и нелегални производи

Read more

ePaket започнува со работа во Македонија: Пакетомати за брзо, сигурно и 24/7 преземање пратки

Read more

Вести

Тошковски од Гостивар: Случајот целосно ќе се расчисти и одговорност ќе има

Читај повеќе

Невреме во Скопје: Ветрот откорна крст на црква, летаа покриви, има паднати дрвја и искинати кабли за струја

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Град Скопје е спремен за невремето

Читај повеќе

Перински назначен за в.д. директор на Фондот за здравствео осигурување

Читај повеќе

Николоски: „ВизЕр“ поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Читај повеќе

Прогласена 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Читај повеќе

Нови детали за обвиненијата против браќата Тејт: Силување, давење, трговија со луѓе

Читај повеќе

Сè повеќе случаи на сексуално насилство врз деца во Германија

Читај повеќе
  • play_arrow

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Читај повеќе