Николоски: Wizz Air поставува седми авион во базата во Скопје – трета најголема во Европа

Воведувањето на седмиот авион во базата на Wizz Air во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот седми авион на Wizz Air во Скопје.

„Ова е трета најголема база што Wizz Air воопшто ја има и се надевам дека за многу брзо време скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони коишто се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не можат да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека Wizz Air практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа. Овие успеси не се случајни и овие успеси се резултат на заедничка работа“, рече Николоски.

Кажа дека Wizz Air лани превезе 1.700.000 патници, а веќе за првите шест месеци од оваа година превезе 1.200.000 патници, што, според Николоски, е јасен показател за раст.

„Во првите шест месеци двата аеродроми, Охрид и Скопје има над 2 милиони патници. Се надевам таа бројка ќе продолжи и во вториот дел од годината. И ако пред неколку години се боревме за 2 милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо – а тоа е 4 милиони патници годишн, нешто што е реално остварливо. Многу нови дестинации, многу нови авио рути. Две се отворија само оваа недела: за Алгеро (Италија, Сардинија) и за Палермо (Италија, Сицилија), а исто така зборуваме и за нови авиолинии од Вроцлав и Катовице за Охрид“, рече Николоски.

Тагови
реклама

Бизнис

Вредноста на кинески Shein падна од близу 100 на само 25 милијарди долари

Read more

Сопругата на шефот на Anthropic редовно комуницирала со Епстин

Read more

Тиго влегува во нов сегмент со лансирање на својот прв кредит обезбеден со хипотека

Read more

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП: Зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе