Ниту една од Топ 25-те најголеми светски компании не е од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски компании, за најголемите светски компании по пазарна капитализација покажува драматичен пресврт во глобалната распределба на моќта.

За прв пат во историјата, меѓу 25 најголеми компании во светот нема ниту една од Европа. Доминацијата на американските технолошки гиганти стана апсолутна, додека европските компании се спуштија на позиции кои пред десет години беа незамисливи.

Додека САД и Кина забрзано инвестираат во вештачка интелигенција, чипови и дигитални платформи, европската економија останува оптоварена со бавна бирократија и ниски вложувања. Ако трендот не се смени, старата индустриска сила би можела да се претвори во технолошки набљудувач на сопствениот економски пад.

Американските гиганти ја зацврстија доминацијата

Во топ 20 рангирањето речиси секоја позиција ја држат американски компании. Apple повторно ја презеде првата позиција со пазарна капитализација од 3,34 илјади милијарди долари, пред Microsoft (2,79 илјади милијарди) и Nvidia (2,64 илјади милијарди). Следуваат Amazon, Alphabet, Meta и Berkshire Hathaway – сите од САД – додека единствениот неамерикански член во топ десет е Saudi Aramco на шесто место.

Американските компании сочинуваат 73% од вкупната вредност на стотина најголеми светски фирми, односно повеќе од 31 илјади милијарди долари. Кина и Хонгконг заедно имаат 11 места со вкупен раст од 51%, додека Европа доживеа пад на вредноста од 13,6% и изгуби уште две компании од листата.

Европа губи темпо

Најголемата европска компанија, LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, се наоѓа дури на 29. место со пазарна капитализација од 309 милијарди долари, што претставува пад од 31% во однос на претходната година. Следуваат SAP (31. место, 308 милијарди долари) и Novo Nordisk (33. место, 302 милијарди долари), чијашто вредност на акциите беше преполовена откако данската фармацевтска компанија изгуби дури 47% од пазарната вредност.

Францускиот Hermès се наоѓа на 36. место, а холандскиот ASML, некогаш гордост на европската технолошка индустрија, падна на 42. позиција поради 32-процентен пад на капитализацијата.

Вкупно, Европа сега учествува со само 8% во вкупната пазарна вредност на стотина најголеми светски компании, што е четири пати помалку од пред четвртина век, кога нејзиниот удел изнесуваше околу 30%.

На првите три места по национално богатство се Соединетите Американски Држави, Кина и Саудиска Арабија. Германија забележа раст од 78% благодарение на SAP, Siemens и Deutsche Telekom, но тоа не беше доволно ниту една од овие компании да влезе во горната четвртина од листата.

Големата седумка

Извештајот на PwC потврдува дека т.н. „Magnificent Seven“ - Apple, Microsoft, Nvidia, Alphabet, Meta, Amazon и Tesla - остануваат центар на глобалниот капитализам. Тие седум сочинуваат 35% од вкупната вредност на сите стотина најголеми компании, односно речиси 15 илјади милијарди долари пазарна капитализација.

Овој „клуб“ сега брои осум членки: покрај нив тука се и Saudi Aramco и Berkshire Hathaway, кој е првиот финансиски конгломерат во историјата со пазарна вредност над 1 илјади милијарди долари.

И покрај забавувањето на растот на технолошките акции, американскиот сектор за информациски технологии останува најголемиот поединечен сегмент во светот – со 22 компании и вкупна вредност од 13,9 илјади милијарди долари. Следуваат финансискиот сектор (6,3 илјади милијарди) и услугите за комуникација (5,6 илјади милијарди).

Што тргна наопаку во Европа?

Според PwC, главните причини за европскиот пад лежат во послабите вложувања во нови технологии, демографскиот пад и високите трошоци за енергија, кои во просек се 30% повисоки отколку во САД. Покрај тоа, бавниот бирократски систем и преголемата регулација ја забавуваат иновацијата и развојот на капиталниот пазар.

Европските компании традиционално се силни во индустријата, фармацијата и луксузот, но тие сектори губат чекор во дигиталната економија која ја доминираат американските и азиските гиганти.

Симбол на слабостите во Европа е падот на ASML - единствената вистински глобална технолошка компанија од континентот – чијашто вредност на акциите загуби речиси третина вредност, и покрај растот во побарувачката за чипови. Слично важи и за Novo Nordisk, која по еуфоријата околу лековите за слабеење доживеа нагло паѓање од речиси 50% во вредноста за една година.

Кина и САД ја зајакнуваат позицијата додека Европа стагнира

Додека европските берзи бележат пад, кинеските и американските компании доживуваат експлозивен раст. Кинескиот технолошки сектор е пораснат за 51%, додека новите играчи како Xiaomi и BYD влегоа во глобалната топ 100 со раст од 233% и 96% за само една година.

Од друга страна, САД додадоа пет нови компании на листата, вклучувајќи ги AT&T и Palantir Technologies, додека од неа излегоа Intel и Pfizer.

Нов светски поредок на капиталот

Вкупната пазарна вредност на стотина најголеми светски компании достигна 42,6 илјади милијарди долари, што е 7% повеќе во однос на претходната година. Сепак, растот е значително побавен отколку во 2024 година, кога изнесуваше 27%.

PwC заклучува дека идните години би можеле да донесат умерен раст во согласност со предпандемиските нивоа, бидејќи пазарите влегуваат во фаза на стабилизација по повеќегодишниот бран на технолошка еуфорија и монетарна експанзија.

реклама

Бизнис

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Read more

Една од најстарите германски пиварници затвори по 350-годишна историја

Read more

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

Read more

Данок на гориво во Европа: Кои земји најмногу го оданочуваат дизелот?

Read more

Вести

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе