Скок на цените на нафтата

На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти минатата недела, што е нивно прво неделно зголемување од средината на април.

Цената на барел на лондонскиот пазар порасна за 4,3 проценти минатата недела, на 63,90 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 4,7 проценти, на 61,02 долари.

На почетокот на минатата недела, цените на нафтата нагло паднаа бидејќи осумте производители од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), предводени од Саудиска Арабија, се согласија да го зголемат производството во јуни за 411.000 барели дневно.

Но, до крајот на неделата, цените на нафтата ги надоместија тие загуби бидејќи трговците се надеваа дека најголемите економии во светот ќе избегнат рецесија, со оглед на тоа што трговската војна, која ја започна американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на април со воведување на реципрочни тарифи, се смирува.

Договор меѓу САД и Велика Британија

Трговците беа охрабрени од трговскиот договор меѓу САД и Велика Британија, првиот таков договор откако Трамп воведе тарифи.

Најважното нешто во договорот е тоа што Велика Британија ќе ги намали царините за увоз на американски производи од просек од 5,1 на 1,8 проценти, додека царините за британскиот увоз во САД ќе останат на 10 проценти.

Ова ги зголеми надежите на трговците за ублажување на тензиите меѓу САД и Кина на разговорите во Швајцарија за време на викендот.

И Пекинг и Вашингтон сакаат да ги ублажат тензиите, а тоа има позитивен ефект врз пазарите, но веројатно нема да се постигне договор толку брзо, велат аналитичарите.

Тагови
реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more

Бизнис

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Read more

Еден од пет производи од риба и морски плодови е лажен, во рестораните и повеќе

Read more

Најмногу отпуштени работници во Германија се од автомобилската индустрија

Read more

Зошто паѓа цената на златото?

Read more
 

Вести

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Читај повеќе

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Читај повеќе

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Читај повеќе

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Читај повеќе

Полски бискуп штител педофили: Се соочува со затвор, вели дека е невин

Читај повеќе

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Читај повеќе

Јапонија инвестира десетици милијарди во американски проекти за нафта, гас и минерали

Читај повеќе

Мицкоски: Не купуваме нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Читај повеќе

Студентите од Нови Сад до Сараево по трамвајската несреќа: Не сте сами

Читај повеќе