Зошто криптовалутите драматично паднаа по заканите на Трамп кон Кина?

Криптовалутите минатиот петок нагло паднаа во краток, но значаен „flash crash“, што им донесе загуби од повеќе милијарди долари на инвеститорите и уште еднаш ја истакна волатилноста што ја одликува оваа индустрија, пишува CNN.

Трговците ги потресе заканата на претседателот Доналд Трамп за воведување нови царини на кинескиот увоз, што поттикна масовна продажба на ризични средства како технолошки акции и криптовалути, како и бегство на инвеститорите кон сигурни засолништа како златото и среброто, чии цени достигнаа рекордни нивоа.

Од биткоин до т.н. мимкоин, вредноста на криптовалутите потона додека инвеститорите ги распродаваа своите удели, а позиции со висока финансиска полуга беа затворани среде остар и неочекуван пад.

Овој мини-колапс резултираше со ликвидација на позиции во рекордна вредност од 19 милијарди долари, според анализа на податоци од компанијата CoinGlass. Иако цените на криптовалутите во меѓувреме се закрепнаа, се проценува дека минатиот петок биле ликвидирани околу 1,6 милиони трговци, наведува The Kobeissi Letter.

По заканата на Трамп за царини, нервозните инвеститори се ослободија од поризичните вложувања и ја побараа сигурноста во државните обврзници и златото.

Технолошкиот индекс Nasdaq Composite падна за 3,56%, додека биткоинот во еден момент забележа пад од 15%. Индексот S&P 500 го имаше најлошиот ден од април наваму.

Биткоинот во петокот попладне падна од околу 122.500 долари на најниско ниво од приближно 104.600 долари. Етереум, втората најголема криптовалута по пазарна вредност, се намали за приближно 21%.

„Агресивната распродажба на криптовалутите беше поттикната од паника поради ризикот“, изјави Лукман Отунуга, виш пазарен аналитичар во FXTM.

Високо-спекулативните коини беа уште потешко погодени: Dogecoin падна за повеќе од 50%, според податоци на CoinMarketCap. Вредноста на коинот $TRUMP, поврзан со Доналд Трамп, во еден момент се намали за околу 63%.

Што друго се случи?

Инвеститорите се загрижија и за можни технички недостатоци на крипто-пазарот, откако „стејблкоин“ на берзата Binance накратко се одвои од својот курс 1:1 со американскиот долар.

„Некои модули на платформата привремено имаа технички потешкотии, а одредени средства имаа проблеми со одржувањето на вредноста поради нагли пазарни флуктуации“, соопшти Binance.

Корисници на социјалните мрежи исто така изразија сомнеж дека анонимни сметки можеби профитирале од „short“-ирање на пазарот, односно вложување на пад на цените, како и дека можеби имало тргување со инсајдерски информации. Иако ваквите шпекулации се чести во одредени сегменти од крипто-пазарот, ова е обвинување што е исклучително тешко да се докаже.

Дали пазарот се опорави?

Биткоинот вчера се движеше околу 115.000 долари, стабилизирајќи се по падот под 105.000 долари минатиот петок, но сѐ уште не успеа целосно да ги надомести загубите. Потсетување, на 6 октомври постигна рекордно ниво од над 126.000 долари.

„Структурните фактори – усвојувањето на ETF-ови, институционалните приливи и регулаторната јаснотија – продолжуваат да го поддржуваат долгорочниот раст“, изјави Кербаџ од Hashdex.

Иако крипто-пазарот благо се закрепна, а акциите во понеделник забележаа раст, несигурноста останува висока. Фјучерсите на сребро – сигурно засолниште во несигурни времиња – вчера скокнаа за 7% и достигнаа историски максимум.

реклама

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Бизнис

Кина буши 8 километри длабоко во пустината - таму се кријат лежишта на нафта и гас

Read more

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Read more

Една од најстарите германски пиварници затвори по 350-годишна историја

Read more

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

Read more

Вести

Кина буши 8 километри длабоко во пустината - таму се кријат лежишта на нафта и гас

Читај повеќе

Груби излегува од притвор на 13 октомври, нуди гаранција од 335.707 евра за пасошот

Читај повеќе

Јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија ги потисна хутите: Заземени позиции околу клучен теснец

Читај повеќе

По пријавените несакани реакции: И Македонија ја одложува вакцинацијата со бугарската БСЖ вакцина

Читај повеќе

Додека регионот забавува, Западен Балкан забрзува: Светската банка предвидува раст од 3,1%

Читај повеќе

Директор во Свети Николе склучил договори без тендери, една фирма заработила 3,4 милиони денари

Читај повеќе

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Читај повеќе

Два брода погодени од дронови во Бугарија, едниот потонал

Читај повеќе

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Читај повеќе