Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопшти ЦУК.

Фото: Wikipedia

„Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска. Сите три лица се спасени, живи се и немаат видливи повреди.“

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координирал интервенцијата и побарал ангажирање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

„Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, веднаш се упати на местото на настанот, каде што ја следеше и координираше интервенцијата. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај“.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при престој покрај реките и езерата, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти.

реклама

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Која професија има најголем ризик од зрачење и канцер?

Read more

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Read more

Хроника

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Read more

Несреќа кај Ласкарци: Удрил во ограда и излетал од патот, тројца млади тешко повредени

Read more

Битолчанец уапсен за предизвикување пожар

Read more

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Read more

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаец

Читај повеќе

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Читај повеќе

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија ѝ се закани на Велика Британија

Читај повеќе

Судот го блокира планот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Читај повеќе

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Читај повеќе

Трамп го тужи BBC за 10 милијарди долари

Читај повеќе

Венецуела бара враќање на 31 тон злато од Обединетото Кралство

Читај повеќе

Утре без вода делови од Општина Центар

Читај повеќе