Хорор во Скопје – маж ја врзал жена му за дрво во шума и ја нападнал со тврд предмет.
Според информациите на МВР, вчера во 20:40 часот во Скопје, полициски службеници го уапсиле Љ.Ф.Д. (27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 21-годишна жена дека во семејниот дом физички ја нападнал, а подоцна ја однел во шумски предел во Скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.