МВР го истражува обидот за палење на синагога во Скопје, Еврејската заедница алармира за говор на омраза

Министерството за внатрешни работи информира дека на 12 април во 7:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Апостол Гусларот“, во двор од верски објект, бил забележан канистер за гориво и траги од горење.

По добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно, Еврејската заедница во Македонија го осуди, како што наведуваат, обидот за опожарување на објектот на заедницата и синагогата.

„Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз темелните вредности на цивилизираното општество – соживотот, достоинството и заемната почит“, се вели во соопштението потпишано од претседателот Пепо Леви.

Од заедницата изразуваат загриженост за зголемените појави на говор на омраза и нетолеранција, предупредувајќи дека ваквите тенденции можат да доведат до оживување на антисемитизмот.

Во соопштението се додава дека обидот за подметнување пожар е „алармантна последица“ на таквата атмосфера, при што се повикува на јасна осуда од институциите, верските лидери и граѓаните, како и на целосно расветлување на случајот од страна на надлежните органи.

Тагови
реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Хроника

17-годишна скопјанка тешко повредена по пад во отвор за лифт во зграда во изградба

Read more

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Read more

Уапсени 18 возачи: 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана

Read more

Терор во зграда во Центар: Две лица запалиле пожар и им ја краделе поштата на станарите

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе