ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаја и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, Обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство.

Постапувањето се одвива во континуирана координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

Во насока на целосно утврдување на фактите и околностите, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е во комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија, со цел размена на информации од значење за постапката што ќе помогнат да се утврди евентуална поврзаност на двата случаја и потеклото на марихуаната. Воедно, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија согласно своите законски надлежности, вклучително и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и факти релевантни за постапката.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со надлежните институции, продолжува со преземање на дејствија за целосно расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Тагови
реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Ислам Махачев извика среде Америка: Ние Русите сме број еден!

Read more

Хроника

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Read more

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Read more

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Read more

Вести

ЕВН не смее да биде над законите: Левица бара одговорност за пожарите предизвикани од електричната мрежа

Читај повеќе
  • filter

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Читај повеќе

Хаваи се подготвува за можен прв директен удар од ураган по 34 години

Читај повеќе

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Читај повеќе

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Читај повеќе