Во ОВР Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Како што појаснија, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот.
„Увид на местото бил извршен од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци и по наредба на јавен обвинител, пронајдените остатоци се предадени за обдукција и ДНК анализа“, појаснија од СВР Велес.