Предложен притвор за Стојанче Јовановски,  ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

Обвинителството предложи притвор и поведе постапка за сопругот на сега починатата Ивана Јовановски која со ќерката скокна од шестиот кат од станот на 2 март во скопската населба Карпош. Сопругот Стојанче Јовановски ќе биде гонет за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.

Според Обвинителството, од кривичната пријава и дополнително прибавените докази произлегува дека во периодот од 2019 година до 2 март, кога оштетената донела одлука да си го одземе животот, осомничениот – нејзиниот сопруг со кој била во бракоразводна постапка – во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал. Тој, како што се наведува, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по телото.

Овие настани, според Обвинителството, биле пријавувани во надлежните институции од страна на оштетената, но и од очевидци и други сведоци. Насилството, како што се наведува, се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година.

„На 2 март, во безизлезна состојба, оштетената го зела во раце шестгодишното дете и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, при што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место. Според доказите, на критичниот ден осомничениот најпрво ѝ се заканувал и започнал да ја удира во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека се возеле со автомобил управуван од трето лице кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие. Во близина на судот повторно физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди, при што кај неа биле констатирани хематоми по главата и телото“, велат од Обвинителството.

Подоцна, откако од училиште ја зеле шестгодишната ќерка, сведокот ги однел до нивниот дом за оштетената да се спакува и да замине кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот чекале пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето, по што го извршила самоубиството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и опасност од повторување на кривично дело. Обвинителството информира дека продолжува да прибира докази за случајот.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Хроника

Тепачка во Карпош, приведена 18-годишна девојка

Read more

Уапсени тројца скопјани барани со потерница за вкупна затворска казна од 9,5 години

Read more

Полицајци од Прилеп отпуштени поради прикривање пукање со службен пиштол

Read more

Вработени се обиделе да спречат крадци на гробиштата во Бутел, завршиле во болница со повреди од нож и боксирач

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе