Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело  – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на  1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата.

Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување.

Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата пит бул, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок.

Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани.

Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство од моментот на сторување на делото, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи нив да им се суди во отсуство.

реклама

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Read more

Луѓето кои ја имаат најстарата крвна група се во подобра здравствена состојба од другите

Read more

Спречен обид за шверц на фалсификат прашок Ariel штетен за здравјето на луѓето

Read more

Хроника

Спречен обид за шверц на фалсификат прашок Ariel штетен за здравјето на луѓето

Read more

По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка

Read more

Двегодишно дете со изгореници и повреди задржано во штипската болница

Read more

Кичевец со секира ѝ се заканувал на 46-годишна жена

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Големи американски компании ни пишуваат, молат да не ги заборавиме

Читај повеќе

Германски анкети: АфД ја губи поддршката

Читај повеќе

Медведев за контроверзниот европски план: Може да биде повод за војна

Читај повеќе

Вучиќ: Нѐ очекува најдобрата година во историјата на Србија

Читај повеќе

Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Читај повеќе

Америка може да нè предаде: Протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Читај повеќе

Спречен обид за шверц на фалсификат прашок Ariel штетен за здравјето на луѓето

Читај повеќе

Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како прв пат да слушаат за дискотеката Пулс

Читај повеќе