Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Три одделни сообраќајни несреќи со тешко повредени пешаци се случиле во текот на 16 април во Скопје, Штип и Битола.

Утрото, во 7:30 часот, било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје автобус Mercedes со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П., констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Неколку часа подоцна, во 12:00 часот, во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Енгелсова“ во Штип, патничко возило SEAT со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Г.С., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Вечерта, во 19:48 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“ во Битола, патничко возило Hyundai со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (68) од Битола, удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од село Долна Чарлија, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Хроника

Во едно деноноќие три инциденти на врсничко насилство во Скопје

Read more

Уапсен скопјанец, пукал со пиштол од автомобил во Аеродром

Read more

Уапсен возачот на камион кој прегази пешак на патот Прилеп-Градско

Read more

17-годишна скопјанка тешко повредена по пад во отвор за лифт во зграда во изградба

Read more
 

Вести

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Читај повеќе

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Читај повеќе

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Читај повеќе

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Читај повеќе

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Читај повеќе

Шефот на НАТО: Црна Гора промовира мир и стабилност на Западен Балкан

Читај повеќе

Левица бара замрзнување на цените на основните производи: Цените растат со темпо кое народот не може да го издржи

Читај повеќе

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

Читај повеќе