Турчин фатен со злато вредно половина милион денари на аеродром, Македонец од Лондон шверцувал уреди Apple

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, Apple уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки.

Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади денари.

Во друг случај царинските службеници од Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на багаж на патник, македонски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон пронајдоа два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот Apple.

Вкупно 37.500 евра се запленети од страна на мобилните царински тимови, во два одвоени случаи на влез во државата на граничен премин Табановце.

Во првиот случај, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра. Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а останатите 14 илјади биле привремено задржани.

Во вториот случај, во фиоката пред совозачкото седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за излез од државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени непријавени 25.500 евра. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2 илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 23.500 евра биле привремено задржани.

96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во товарни возила, се откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Ново Село.

Во првиот случај, во багажниот простор на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 96 кутии цигари без акцизни маркички и 10 ремени за товар.

Во вториот случај, во багажниот простор на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, биле пронајдени 24 ремени за товар.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Хроника

17-годишна скопјанка тешко повредена по пад во отвор за лифт во зграда во изградба

Read more

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Read more

Уапсени 18 возачи: 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана

Read more

Терор во зграда во Центар: Две лица запалиле пожар и им ја краделе поштата на станарите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе