Вчера во 22:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.С. од село Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаци - 44-годишната А.Б. од Охрид и 52-годишниот Д.П. од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник, 19-годишниот К.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.