
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против П.Д.(57) и Б.Д.(26), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.
На 12.05.2025 во 20:30 часот во семејниот дом, П.Д. физички ја нападнал неговата сопруга, по што се приклучил и неговиот син Б.Д. нанесувајќи и телесни повреди.
Основниот суд во Кичево донесе решение за отстранување на сторителите од домот во период од 30 денови.