14 претстави на програмата на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Aктерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски ќе ја добијат наградата за животно дело.

Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6 до 13 јуни. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја објави програмата за претстојниот фестивал.

Собранието на фестивалот, на денешната средба ги избра и наградените за животно дело. Тоа се актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски.

За ова издание на фестивалот, од одгледаните претстави (и во институционалните театри и од независната продукција) се воспостави или се наметна впечатокот дека доминираа претстави во кои може да се препознаат ставот на режисерот и потребата да се создава автентична театарска продукција. На репертоарите во македонските театри повторно може да се забележи разногласие во однос на изборот и стилот на театарската продукција, стои во експликацијата на Стојаноска.

Претстави во официјалната селекција се:

„12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар, „Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје, „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар – Скопје, „Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје, „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола, „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп, „Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес, „Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар – Штип, „Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје.

Претстави од независна продукција:

„Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје „Снег“ од Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ − Скопје, „Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“, „Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје, „Ла Магбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ – Скопје.

За фестивалските награди и годинава ќе одлучува меѓународно жири, во состав: Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград и Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија.

За мотото на фестивалот, Стојаноска истакна:

„Театарот нѐ учи да бидеме храбри, на секоја ситуација да имаме коментар. Театарот ги крие двете маски, трагичното и комичното. Откако го ставивме мотото, моите соработници се шегуваа дека ни се појавија многу предизвици. Наједноставно е во тешките моменти да бидеме нервозни, ама треба да бидеме храбри и да се насмееме“..

По иницијатива на семејството на музичарот Филип Стевановски, Собранието донесе одлука наградата за музика ќе ја именува според музичарот, кој што го изгуби животот во пожарот во Кочани. Стевановски беше актуелен директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.

На програмата повторно ќе бидат детската зона, промоции на книги, разговори на тркалезна маса.

Годинава, наместо досегашната платформа „Автор во фокус“ во која се славеше опусот на еден значаен автор за македонскиот театар, годинава ќе биде ставен фокусот на тројца мошне значајни театарски дејци од Прилеп. Тоа се: актерот и долгогодишен директор на нашиот фестивал Кирил Ристоски, актерот Благоја Спиркоски-Џумерко и драмскиот автор и писател Благоја Ристески-Платнар.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Култура

(Не)замисливата иднина на книжевноста: Дали вештачката интелигенција ќе пишува книги за 50 години од сега? 

Read more

Светови зад затворени очи: Отворено 14. издание на „ПРО-ЗА Балкан" 

Read more

Велинова, Медиќ Лазаревски и Грозданоски ќе учествуваат на Светскиот поетски фестивал во Патра, Грција

Read more

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Read more

Вести

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Читај повеќе

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Читај повеќе

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе