Бела ноќ во Скопје: Бесплатен превоз, продолжено работно време на угостителите и бесплатен влез во Зоолошката

Во Скопје вечер ќе се одржи манифестацијата Бела ноќ, а по тој повод се воведуваат повеќе погодности за граѓаните.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје ќе биде продолжено за два часа, со цел дружењето и атмосферата да траат подолго.

Превозот со автобусите на ЈСП ќе биде бесплатен од 18 часот на 3 октомври до 5 часот на 4 октомври. Бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

„Бела ноќ повторно во Скопје! Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. На 3 октомври, Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ“, објави Ѓорѓиевски.

Манифестацијата ќе се одржува од 19 до 3 часот, а плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат дел од програмата.

Уметнички содржини ќе има на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на „Мостот на уметноста“, на „Боемска“ улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од Бела ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современата уметност.

Клик за поголема верзија

„Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат“, порача Ѓорѓиевски.

Тагови
реклама

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе