Боите на слободата во Музеј на Македонија

На 10 септември (четврток), во 12 часот, точно на пладне, во историскиот дел на Музејот на Македонија, ќе биде отворена изложбата „Боите на слободата“.

Изложбата претставува избор од колекцијата на Музејот на Македонија, со бројни историски предмети и документи, како и уметнички дела од Мартиноски, Личеноски, Родољуб Анастасов, Томо Шијак, Радмило Поповски, Борко Лазески, Трајче Николовски, Димитар Кондовски, Димо Тодоровски, Бранко Коневски, Љубомир Белогаски, Ангеле Ивановски, Драгољуб Маринковиќ – Пемкин, Василије Поповиќ – Цицо и Јордан Грабуловски.

Изложбата ќе ја отвори директорот на Музејот на Македонија, Александар Ристевски, заедно со дел од кураторскиот тим.

Во организацијата на изложбата учествуваат кустосите Марија Петковска, Татјана Трајковиќ, Анета Попантоска, Здравко Стојкоски и други стручни лица од Музејот.

Изложбата ќе трае во следните два месеца, во период во кој Музејот на Македонија ќе одбележи 50 години од изградбата на објектот.

“По повод 35 години од прогласувањето на независноста на Македонија, изложбата „Боите на слободата“ го одбележува државотворниот јубилеј преку најтрајниот белег на еден народ – неговото културно и уметничко творештво.

Изложбата претставува визуелен дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината, низ дела и предмети што сведочат за историските пресврти, стремежот кон слобода и процесите низ кои се обликувал современиот македонски културен идентитет.

Од традицијата на Охридската книжевна школа и македонската преродба, преку Илинденското востание и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, па сè до референдумот од 8 септември 1991 година, изложбата го следи континуитетот на македонските стремежи кон слобода, достоинство и сопствена државност.

Посебно место имаат делата на повеќе генерации македонски творци – писатели, сликари, скулптори, актери, композитори и режисери – кои преку својот автентичен творечки ракопис оставиле траен белег во македонската културна меморија.

„Боите на слободата“ ги поврзува трите симболични Илиндени – Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 – како три историски точки што ја одбележуваат борбата за слобода, државност и идентитет.

Ова не е само изложба за историјата. Таа е сведоштво за тоа како уметноста ја памети, толкува и продолжува историјата“.

реклама

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе