Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Општина Центар, во соработка со Прв до врв, на 12 септември го организира Centar Night Run – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.

Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на Centar Night Run.

„Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани што сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски.

Centar Night Run има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар.

По завршувањето на Centar Night Run, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Култура

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Read more

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе