Доксиадис и Скопје – изложба што ја враќа приказната за обновата по земјотресот во 1963

Вчера, на 11 ноември, во 19 часот по грчко време, пред бројна публика во Галеријата на Школата за архитектура при Аристотеловиот универзитет во Солун, беше отворена архитектонската изложба „Иднината како проект: Доксиадис во Скопје“ (The Future as a Project: Doxiadis in Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година.

Повеќе од шест децении од катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје на 26 јули 1963 година, изложбата „Иднината како проект – Доксиадис во Скопје“ има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксиадис.

Доксиадис е еден од многуте меѓународни експерти поканети од страна на Обединетите нации, кои го воделе процесот за обнова на Скопје. Покрај силната професионална посветеност на Доксиадис, архивите ја откриваат и неговата длабока емпатија за настраданиот град. Неговата лична работа и работата на неговата компанија, нивните извештаи, деталните истражувања на подрачјата погодени од земјотресот, студиите за домување, дијаграмите, размислувањата…, сето тоа придонело во изработката на Основниот план за обнова на Скопје. Станувајќи стратешка алатка за трансформација на Скопје во идна метропола, Основниот план го отворил патот кон градежниот бум што следел кон крајот на 60-тите и 70-тите години, претворајќи го „градот на меѓународната солидарност“ во една од престолнините на доцно-модерната архитектура и планирање. Инспирирани од духот на времето, наративот за новиот почеток и еуфоријата на обновата, меѓународните и домашните архитекти и планери заеднички проектирале нови радикални градски пејзажи.

Седум години од првото претставување во музејот Бенаки во Атина преку голема изложба, конференција и публикација, и две години по одржувањето изложбата во Музејот на современата уметност во Скопје, истражувањето „Иднината како проект – Доксиадис во Скопје“ беше претставено во Солун.

Авторскиот тим на проектот го сочинуваат Владимир Десков, Ана Ивановска-Дескова, Јован Ивановски, Калиопи Амигдалу, Костас Циамбаос, заедно со соработниците Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и Кристос Георгиос Критикос.

Изложбената поставка ќе биде отворена за јавноста до 23 декември, 2025 година.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Култура

Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година

Read more

Две македонски книги влегоа во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек #5“ 

Read more

Почнува „Поетски слем Македонија“ - на програмата промоции, изложби, поетско-музички перформанси

Read more

Познати петте финалисти за наградата Драги за 2026 година

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Читај повеќе

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Читај повеќе

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Читај повеќе