Фестивалот на медитерански и балкански филм Преку езерото од 7-12 август во Дојран

Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран.

„По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата Мето Јовановски за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер Лазар Ристовски. Човек кој во својата речиси петдецениска кариера беше и сѐ уште е дел од најважните филмски случувања на Балканот и Медитеранот. Лазар Ристовски играше и во два македонски филма, едниот е 'Јазол' а другиот е 'Збогум на дваесетиот век', но игра и една од позначајните рољи во култниот филм „Буре барут“ на македонскиот сценарист Дејан Дуковски. Лазар Ристовски е добник на бројни награди и признанија на речиси најголемите филмски фестивали во светот, на Балканот, Медитеранот и во Србија, а добитник е и на најголемите национални признанија за неговата општествена и политичка ангажираност во неговата земја. Тој е основач и директор на филмскиот фестивал Дуго село кој се одржува во Војводина во Србија“, рече на прес-конференцијата директорот на фестивалот, Јани Бојаџи.

Во чест на лауреатот, на првиот ден од фестивалот во Амфитеатарот во Дојран ќе биде претставен големиот актер, ќе биде прикажан негов одбран филм и потоа ќе следува разговор со Лазар Ристовски во кој ќе може да се вклучи и публиката која ќе биде присутна во прекрасното опкружување на магичната филмска сцена покрај брегот на езерото во Дојран.

„Избрана селекција од најголемите остварувања на Лазар Ристовски како негово претставување ќе имаме во Гевгелија, каде во 3 вечери ќе покажеме три избрани филмови на Лазар Ристовски, заедно со селекцијата на кусометражната селекција“, информираше Бојаџи.

Фестивалот и годинава во текот на 5 фестивалски денови ќе го промовира македонскиот филм, македонските автори, кинематографијата и култура со моќта на уметноста на раскажување приказни од нас, со нас и за нас. Но, исто така го промовира туризмот, историјата и духовните вредности. Оваа година програмата на фестивалот ќе се дисперзира и во Струмица и Гевгелија.

„Минатото издание на Преку езерото, програмата беше составена од три селекции: филмови за деца и млади, краткометражни играни и документарни филмови и официјалната селекција на долгометражни играни филмови која беше најдоброто од Медитеранот и Балканот за таа година од фестивалите во Македонија и регионот“, рече Бојаџи.

Освен филмската програма, Преку езерото во 2024 година реализираше и работилница за развој на сценарија и продукција за дипломски студентски играни кусометражни филмови, каде што многу успешно се претставија 4 студенти од Универзитетите за филм и телевизија во Македонија.

„Беа доделени 4 гранта во износ од по 1 милион денари за снимање и постродукција на филмовите. Во овој момент два од грантираните филмови се целосно снимени и се во фаза на пост продуцкија. Другите два се продуцкиски подготвени и наскоро ќе влезат во производство со што на Преку езерото 2025 година ќе имаме 4 светски премиери на кусометражни македонски дипломски филмови. Дополнително беше организирана и еднодневна работилница за деца и млади од Гевгелија кои работат на проект за снимање на кусометражни филмови со социјална и еколошка тематика. Ова година, нивните работи ќе бидат премиерно прикажани на фестивалот како дел од програмата за деца и млади“, подвлече Бојаџи.

За филмовите кои се селектирани во официјалната програма на фестивалот информираше Небојша Јовановиќ, уметнички директор на фестивалот.

„Главната натпреварувачка програма оваа година ќе донесе 6 свежи медитерански приказни, кои во себе носат силна провокација за сетилата на гледачите, во визуелна и наративна смисла, но и особена актуелност за она што важно се случува околу нас. Гледачите и јавноста во Дојран оваа година ќе имаат можност да видат една силна филмска програма преку која ќе доживеат исклучителна вештина за раскажување на прикаски преку слики и звук или поточно со алатките на филмскиот јазик“, рече Јовановиќ.

Тој посочи дека изборот на филмови е направен така што во нив има тематска разноликост и културолошки диверзитет, преку застапеност на повеќе културни матрици.

Филмови во главната селекција се:

1. THE NEW YEAR THAT NEVER CAME by Bogdan Mureșanu
НОВАТА ГОДИНА КОЈА НИКОГАШЕ НЕ ДОЈДЕ на Богдан Муресану, Романија, 2024

2. NAKON LIJETA (MY LATE SUMMER) by Danis Tanović, Bosnia and Hercegovina

КОГА ЛЕТОТО ЌЕ ЗАМИНЕ на Данис Тановиќ, Босна, 2024

3. MEAT by Dimitris Nakos / МЕСО на Димитрис Накос, Грција, 2024

4. ANYWHERE ANYTIME by Milad Tangshir / БИЛОКАДЕ, БИЛОКОГА на Милад Тангшир, Италија, 2024

5. DWELLING AMONG THE GODS by Vuk Ršumović./ ПОМЕЃУ БОГОВИТЕ НА Вук Ршумовиќ, Србија, 2024

6. LITTLE TROUBLE GIRL/ МАЛИ ПАЛАВИ ДЕВОЈКИ на Уршка Џукиќ, Словенија, 2025.

На затворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Стелиос“ на Никос Казанзикис, со жирито ќе претседава минатогодишниот лауреат на Гран При за најдобар медитерански долгометражен филм, режисерот Христос Пасалис од Грција, а членови ќе бидат и двајца филмолози и филмски критичари од Македонија и од регионов.

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Лажно „Windows ажурирање“ ќе ви ги украде лозинките

Read more

Култура

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more

Деветтото издание на Jazz Factory Festival од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Вучиќ го нападна Маѓар

Читај повеќе

Европа подготвува воена мисија во Ормутскиот Теснец без Америка, Израел и Иран

Читај повеќе

Ситуација во Ормутскиот Теснец потсети на Кубанската ракетна криза

Читај повеќе

Словенија пред референдум за напуштање на НАТО

Читај повеќе

Франција со закон ќе забрани да се споредува Израел со нацистите

Читај повеќе

Трамп: Новиот премиер на Унгарија е добар човек

Читај повеќе

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, дел од Кучково без струја

Читај повеќе

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе