За сите љубители на културното наследство, во периодот од 13 до 18 октомври, вратите на Градската галерија во Струмица ќе бидат отворени за посетителите кои ќе можат да ја погледнат изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“, авторство на д-р Душко Цветанов.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени научни истражувања, визуелни прикази и фотографии кои ја откриваат историската, културната и архитектонската вредност на најзначајните средновековни тврдини на територијата на Југоисточна Македонија.
Изложбата ќе биде отворена секој ден од 17:00 до 19:00 часот, при што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со богатото културно наследство и да ги согледаат резултатите од долгодишните истражувања на авторот.
„Ве покануваме да ни се придружите и да го доживеете духот на средновековната историја на нашиот регион!“, соопштија од НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј“ - Струмица.