Изложени дела од уметниците-кандидати за академици во МАНУ

Во Македонската академија на науките и уметностите во отворена е изложба на ликовни уметници кои се предложени за членови на Академијата.

Дело на скулпторот Сашо Саздовски

Македонската академија на науките и уметностите го отпочна изборниот процес за избор на нови членови, при што се предложени вкупно 22 кандидати во категориите редовни и дописни членови, членови надвор од работниот состав и почесни членови.

Во периодот од 16 септември до 16 октомври оваа година, јавноста ќе има можност да ги види билтените на Академијата посветени на тековниот изборен процес, каде што се објавени предлозите од одделенијата за избор на членови, резултатите од гласањето, биографиите на кандидатите и списоците на нивни научни и уметнички трудови, како и приложените рецензии.

Публикациите и творбите на кандидатите се достапни за јавен увид секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот, во Библиотеката на МАНУ, во делот за периодика на третиот кат од објектот на Академијата.

Дополнително, во изложбениот салон ќе бидат претставени дела од академските скулптори Сашо Саздовски и Жарко Башески, како и од сликарите Невзат Бејтули и Новица Трајковски.

Тагови
реклама

Колку овошје и зеленчук треба да јадеме дневно?

Read more

Со која состојка најлесно се чистат жолти дамки и маснотии од PVC прозорци?

Read more

Јужниот јазол денеска влегува во Лав: Голема животна промена за три хороскопски знаци

Read more

Кинези направија стаклен лифт над кањон за да го скратат патот до училиште за локалните деца

Read more

Култура

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Read more

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Read more

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Read more

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Read more

Вести

  • play_arrow

Гранада погодена од 7 земјотреси: Луѓето врескаа и трчаа

Читај повеќе

Македонија меѓу земјите што воведуваат нови санкции против Белорусија по моделот на ЕУ

Читај повеќе

Утре сончево и топло, во деновите од викендот со дневна температура над 40 степени

Читај повеќе

Утре ќе нема струја во делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров

Читај повеќе

Трамп: Ормускиот Проток е нова територија на САД

Читај повеќе

Сестрата на Драгана што загина во пожарот кај Омиш: Ѝ викнав да го фрли куферот и да трча, потоа исчезна

Читај повеќе

Автобус на ЈСП се запалил во движење: Возачот го изгаснал пожарот

Читај повеќе

Санкционирани 166 пешаци на територија на цела држава

Читај повеќе
  • play_arrow

Масакр во Украина: Русите ракетираа преполна раскрсница, многу мртви

Читај повеќе