Кампањата „Читаме современи македонски автори“ продолжува со авторката Биљана Стојановска

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 06.05.2025 / 11:42

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје продолжува со својата кампања „Читаме современи македонски автори“, овој пат со книжевна средба посветена на Биљана Стојановска и нејзината најнова поетска збирка „Додека спиеш“.

Настанот што ќе се одржи денеска, 6 мај, со почеток во 19 часот, ќе го модерира книжевната критичарка Александра Јуруковска, а делови од поезијата ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Стојановска, која е родена во 1984 година, е дипломиранa на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Нејзината поетска кариера започна со збирката „Зборовите немаат значење“ (2015, „Антолог“), а потоа следуваа „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“) – книга наградена со „Тодор Чаловски“ и финалист за престижната „Браќа Миладиновци“ – и „Додека спиеш“ (2024, „Чудна шума“), која ја заокружува нејзината трета поетска фаза. Покрај поезијата за возрасни, Стојановска е авторка и на детската книга „Потрага по храброст“ (2024), илустрирана од Владимир Лукаш.

Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици, меѓу кои англиски, германски, кинески, српски, полски и словенечки, а застапена е во бројни македонски списанија и антологии. Стојановска работи и како новинарка, што дополнително придонесува за нејзиниот специфичен книжевен израз.

Поезијата на Стојановска се одликува со природност и искреност, а нејзините стихови често носат изненадувачки пресврти и магичен реализам. Како што забележува поетесата Снежана Стојчевска во рецензијата за „Додека спиеш“, „Стојановска умее од секојдневието да создаде поетски слики што лесно преминуваат од суровата реалност во светот на фантазијата, но и обратно – од бајковидното во болничката сивила и борбата за достоинство“.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“, која ја спроведува Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, има за цел да ги доближи современите македонски книжевни гласови до пошироката читателска публика. Во рамките на оваа иницијатива, секој месец се претставува нов автор и негово дело, проследено со разговор, читање и дискусија, а досега беа промовирани 24 книги од исто толку автори.

Со промоцијата на „Додека спиеш“, кампањата го заокружува својот трет циклус, продолжувајќи да ја негува традицијата на поддршка и афирмација на македонската современа литература. Настанот претставува одлична можност за читателите да се запознаат одблиску со делото и авторката, како и да учествуваат во жив книжевен дијалог.

реклама

Култура

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Read more

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Read more

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Read more

Промоција и читачки кружок за збирката есеи „Суспендирана итност“ на Ивана Хаџиевска

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе