Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

На 78. Филмски фестивал во Кан, Асоцијацијата на европски кинотеки (ACE) ја претстави шестата сезона на проектот „Сезона на филмски класици“, филмска програма која промовира европско филмско наследство преку бесплатни проекции во кино салите ширум Европа и онлајн.

Оваа година, за македонската и светската публика ќе биде прикажан култниот филм „Македонска крвава свадба“ (режија: Трајче Попов, 1967), во нова дигитално реставрирана копија. Оваа македонска филмска класика е базирана на истоимената драма од Војдан Чернодрински, и претставува трогателна приказна за борбата за слобода, достоинство и национален идентитет во времето на османлиската власт.
Во фокусот е младата Цвета, девојка од село што е киднапирана од турски бег за да биде одведена во неговиот харем. Нејзината борба за слобода станува симбол на отпорот на целото население, прикажан преку драматични сцени, силна актерска игра и патриотска нарација.

Филмот е едно од најзначајните дела во македонската кинематографија, и неговата дигитална реставрација овозможува ова филмско остварување повторно да оживее пред публиката од сите генерации – во слава на македонската културна меморија.

Кинотеката со своето петто учество продолжува да биде активен придонесувач во европските културни соработки, овозможувајќи пристап до ретки и значајни дела на филмската уметност и промовирајќи ја важноста на филмското архивирање пред новите генерации.

„Сезона на филмски класици“ акцентот го става на зачувувањето на културното наследство и вклучувањето на младата публика во таа мисија. Проектот е поддржан од програмата Креативна Европа МЕДИА на Европската унија и оваа година вклучува повеќе од 40 новореставрирани филмови од 27 европски архиви. Од неми филмови, преку женски перспективи и документарни класици, до авторски дебитантски дела, програмата го претставува богатството и разноликоста на европската филмска историја.

Во рамки на „Сезона на филмски класици“, ќе се прикажуваат филмови од јуни до декември оваа година, кои ќе бидат проследени со разговори, мастер-класи, музика во живо и едукативни активности. Избраните наслови ќе бидат и со англиски превод, а ќе бидат бесплатно достапни и онлајн.

Тагови
реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Култура

Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста

Read more

Дејан Дуковски: Драмата е жанр на криза и конфликт, а Балканот секогаш е такво место

Read more

Објавена програмата за 6. Скопски поетски фестивал

Read more

Деветтото издание на Jazz Factory Festival од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид

Read more
 

Вести

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Читај повеќе

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Читај повеќе

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Читај повеќе

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Читај повеќе

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Читај повеќе

Од полноќ поевтинуваат горивата

Читај повеќе

Кина му се закани на Трамп

Читај повеќе