Македонски уметници со силна порака на интернационалниот симпозиум во Алжир

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 06.05.2025 / 13:39

Од 26 април до 10 мај 2025 година, македонските уметници Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска Саздовска го претставуваат современото македонско творештво на престижниот Интернационален симпозиум за скулптура во Алжир, организиран од Министерството за култура на Алжир.

Овој настан, кој ги собира водечките имиња од светската уметничка сцена, е платформа за културен дијалог, размена на идеи и создавање дела инспирирани од богатото алжирско наследство.

Скулпторот Сашо Саздовски, познат по своите монументални дела низ светот, во Алжир работи на мермерна скулптура со наслов „Последниот бастион“. Делото е инспирирано од историјата и архитектурата на долината М’заб, уникатен регион под заштита на УНЕСКО, кој е познат по своите тврдини и минариња што сведочат за вековна отпорност и културна кохезија. Скулптурата, минималистичка по форма, ги претставува телата на војниците без глави - моќна алузија на трагичната судбина на алжирските борци за слобода, чии глави биле одземени и однесени во Франција за време на колонијалната ера.

Оваа тема е длабоко вкоренета во алжирската меморија: во подрумите на Musee de l’Homme во Париз, сè уште се чуваат илјадници черепи на алжирски борци, од кои дел беа вратени во Алжир дури во 2020 година, по децениска борба за нивна репатријација. Со ова дело, Саздовски не само што оддава почит на алжирските херои, туку и отвора прашања за историската правда и достоинството на жртвите на колонијализмот. Скулптурата е посветена на неговиот татко, Александар Саздовски - пацифист и поддржувач на уметноста.

Визуелната уметница Пандора Апостолоска Саздовска, чија практика ја истражува социјалната динамика и политичките аспекти на современото општество, својот престој го користи за создавање урбани live/street фотографии инспирирани од алжирската култура и архитектура. Нејзиниот објектив бележи моменти од секојдневието, дијалозите меѓу минатото и сегашноста, како и естетиката на просторот што го обликува колективниот идентитет на Алжир. Овие фотографии ќе бидат презентирани и пред македонската публика по нејзиното враќање, носејќи свежи перспективи и културни мостови меѓу двете земји.

Во рамки на симпозиумот, уметниците ќе посетат значајни културни и историски споменици, како и Факултетот за ликовни уметности во Алжир. Кулминацијата на настанот ќе биде свеченото поставување на новите скулптури во јавниот простор на центарот на градот Алжир на 8 мај, во присуство на министерот за култура на Алжир, г. Зухиар Балалу. Овој чин претставува не само признание за македонската уметност, туку и заедничка заложба за културна размена и почитување на историјата.

Профили на уметниците

Сашо Саздовски (р. 1976, Скопје) е скулптор и истражувач, познат по своите монументални јавни скулптури во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Неговото творештво се одликува со научно-истражувачки пристап и фокус на теми како бесконечноста и односот меѓу времето и просторот. Досега има реализирано над 20 јавни скулптури во земји како Аргентина, Саудиска Арабија, Оман, Катар, Азербејџан, Италија и други.

Пандора Апостолоска Саздовска (р. 1975, Скопје) е визуелен уметник, активист и истражувач, чија работа е изложувана во музеи и галерии низ Европа, Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Таа е добитник на бројни награди, а нејзините дела се дел од престижни јавни и приватни колекции. Апостолоска Саздовска е препознатлива по ангажираниот пристап и истражувањето на теми поврзани со војната, насилството и меѓучовечките односи.

Со своето учество во Алжир, македонските уметници уште еднаш ја потврдуваат улогата на културата како мост меѓу народите и како моќен медиум за соочување со историјата и градење нови перспективи.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Култура

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more

Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште

Read more

Почнува шестото издание на Скопскиот поетски фестивал

Read more

Пандора Апостолоска Саздовска на Меѓународна изложба на жени уметници во Шпанија

Read more
 

Вести

Уапсен возачот на камион кој прегази пешак на патот Прилеп-Градско

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе