Македонскиот народен театар со разнолик репертоар: Од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Македонскиот народен театар 2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена.

Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес на публиката, двете изведби се целосно распродадени.

На 17 јануари, публиката ќе има можност да избере: драмската претстава „Бели ноќи“ на малата сцена, со почеток во 20 часот и стендап-настапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, кој ќе се одржи на големата сцена со почеток во 20:30 часот.

Репертоарот продолжува на 20 јануари со претставата „Народен пратеник“, а на 21 јануари следува монодрамата „Торонто експрес“. На 22 јануари ќе биде изведена драмата „Варвари“, а на 23 јануари на репертоарот е претставата „Кец на десетка“.

На 24 јануари, големата сцена е резервирана за претставата „Бог на колежот“, со почеток во 20 часот, а истата вечер, на малата сцена во 21 часот, ќе се одржи новогодишното стендап-шоу „На терапија“ со Александар и Антонио.

На 26 јануари на репертоарот е „Мој термин“, а на 28 и 29 јануари се изведбите на претставата „12“.

Јануарската програма ќе биде заокружена на 30 јануари со претставата „Марта Верна“ и на 31 јануари со „Замисли нов свет“.

Тагови
реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Култура

Почина Ленче Делова, актерката со која пораснаа генерации деца

Read more

Ретка обетка што потекнува од Охрид по повеќе од 50 години ќе биде изложена во Белград  

Read more

Објавен конкурсот за наградата Горан Стефановски за најдобар драмски текст од млад македонски автор

Read more

Традиционален концерт на Филхармонија по повод Денот на вљубените и виното

Read more
 

Вести

Русите реагираа на обвинувањата дека го отруле Навални

Читај повеќе

Не е руски, туку американски гас: Европа паѓа во нова стапица?

Читај повеќе

Пробиен последниот тунел од пругата кон Бугарија

Читај повеќе

Поскапува бензинот од полноќ

Читај повеќе

Вагнер е „воскреснат“ и има нова мисија

Читај повеќе
  • filter

Младите во Сараево ѝ порачаа на власта: Не убива трамвајот, туку небрежноста

Читај повеќе

25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ендрју Тејт тврди дека Епстин е жив

Читај повеќе

ПРИЗМА: Тони опасна прашина се разлева на плац зад „Макстил“

Читај повеќе