МКЦ за обвинувањата од фестивалот Земјотрес

Во врска со медиумските написи поврзани со фестивалот „Земјотрес“, Младинскиот културен центар – Скопје (МКЦ) ја информира јавноста за следното, со цел расчистување на неточни и погрешно интерпретирани наводи.

МКЦ е јавна културна установа, а не приватен субјект, ниту сопственик или организатор на независни фестивали. Институцијата нема сопственички, програмски или управувачки ингеренции врз фестивалот „Земјотрес“, ниту пак располага со него како со „своја“ манифестација.

Фестивалот „Земјотрес“ не е и никогаш не бил финансиран од МКЦ. Соработката со организаторот се реализирала исклучиво преку договор за користење на простор, со јасно утврдени услови и финансиска компензација, што претставува стандардна пракса за сите надворешни корисници на јавните простори на МКЦ. Во таа насока, директорот на МКЦ, Арбен Шаќири, во 2024 и 2025 година е потписник на договорите со носителите на фестивалот „Земјотрес“, што е факт за кој можат да посведочат и самите организатори.

Во дел од објавените текстови се создава впечаток дека МКЦ има улога на приватен одлучувач или субјект кој може да „задржи“, „избрка“ или „загуби“ независен фестивал. Ваквите формулации се фактички неточни и доведуваат до погрешна перцепција за улогата на јавните институции.

Буџетските состојби и финансиските капацитети на МКЦ се резултат на јавни буџетски политики и институционални одлуки, а не на селективен или намерен однос кон поединечни културни иницијативи. Поврзувањето на овие состојби со наводно намерно исклучување на фестивал е неосновано и неточно.

МКЦ останува отворен и достапен простор за соработка со независната културна сцена, во рамки на својата јавна мисија, законските надлежности и реалните финансиски можности.
Апелираме до медиумите за прецизно, одговорно и фактичко известување, со јасно разграничување меѓу улогата на јавна установа и независни културни организатори.

Тагови
реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Култура

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година

Read more

Вечер посветена на Тоше во Битола: Засекогаш во срцата по осми пат

Read more

Блокадафест пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Read more

Објавен Конкурсот за Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2026 година

Read more
 

Вести

  • filter

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Читај повеќе
  • play_arrow

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Читај повеќе

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Читај повеќе

Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции

Читај повеќе

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја

Читај повеќе

Скопјанец ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку Facebook

Читај повеќе

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Читај повеќе

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Читај повеќе

Два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Читај повеќе