Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа Cue press, во едиција со томови од и за Семјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери. Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера.

„Manchevski: Fiction and Non-Fiction“ содржи поезија и проза од Манчевски, негови теоретски размислувања за природата на уметничкиот процес, серија длабински италијански интервјуа со него и сѐопфатна уметничка биографија и анализа на опусот. Покрај тоа што претставува своевиден водич низ досегашното филмско и уметничко творештво на реномираниот македонски режисер, овој кардинален опус ги истражува и границите меѓу фикцијата и документарниот израз, еден од централните дискурси во творештвото и истражувањето на Манчевски.

На промоцијата се обрати и самиот автор, кој одговараше на прашања од публиката, од гости на Меѓународниот филмски фестивал во Павија, од филмски работници и од деканот на колеџот.

Приредувачот Лудовико Кантисани вели:

„Книгата нуди длабинско истражување на креативното и интелектуалното патување на еден од најголемите европски филмски автори. Манчевски припаѓа на онаа мала група режисери, кои покрај тоа што ги пишуваат сопствените филмови, умеат да формулираат оригинална и убедлива теорија за филмот, ставајќи го во центарот на своето истражување амбивалентниот однос меѓу вистината и фикцијата. Интервјуата и биографските материјали реконструираат извонредна кариера обележана со предизвици и иновации, откривајќи како Манчевски доследно ги преточувал своите теоретски принципи во филмска практика. Книгата, исто така, нуди увид во експерименталните, а понекогаш и лирски темели на неговото раскажување приказни. Со тоа, таа го проширува опсегот на ова издание надвор од самиот филм, претворајќи го во поширока рефлексија за наратологијата и за јазичните предизвици на уметничкото изразување.“

Претставувањето на книгата се случи во Гранде Аулата на Колеџот „Каироли“ при Универзитетот во Павија кој постои уште од 1781, познат како „Универзитетски колеџ на заслуги“, центар на академскиот и културниот живот во градот. Аулата се покажа како идеална сцена за претставување на ова капитално дело.

Книгата на Манчевски ќе биде промовирана и во Рим и Пезаро.

реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Култура

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Почина режисерот Сашо Миленковски

Read more

Вести

Прогласено највисоко ниво на закана во Ормускиот Проток

Читај повеќе

Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме

Читај повеќе

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Читај повеќе

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран го затвори Ормускиот Проток, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

Читај повеќе

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку две лица загинаа во пукање на фестивал во Торонто

Читај повеќе

Иран: Нема да преговараме со САД додека Вашингтон не го промени пристапот

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе