Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Во издание на Бата прес објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се 8 универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година.

Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, во вторник, во 11:30 часот. Речникот ќе го претстават рецензентката проф. д-р Весна Костовска и авторката редактор проф. д-р Елизабета Бандиловска.

Во првиот том се поместени зборовите од буквата А до буквата Ж, а авторите (универзитетските професори) и соработниците постојано работаат, така што во наредните изданија ќе бидат обработени зборовите до буквата Ш, и правописно-нормативниот речник како плод на повеќегодишен труд ќе биде комплетиран.

Овој капитален лексикографски зафат се надоврзува на повеќето изданија од овој вид, почнувајќи од првиот македонски правописен прирачник „Македонски правопис со правописен речник“ од Блаже Конески и Крум Тошев (1950) до „Правопис на македонскиот јазик“ во издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и издавачката куќа Култура (2015 и 2017 година).

Автори и редактори на изданието се: Лидија Аризанковска, Елизабета Бандиловска, Снежана Велковска, Виолета Јанушева, Елена Јованова-Грујовска, Искра Пановска-Димкова, Симон Саздов и Људмил Спасов.

Соработници на проектот се Марија Антевска, Филип Белчев и Македонка Додевска.

реклама

Култура

Оркестарот на Филхармонија со изведба на Кармина Бурана на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

Read more

„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“

Read more

СДСМ предлага воведување на државни награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“

Read more

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Read more

Вести

Трамп за денеска најави потпишување договор со Иран, Техеран тврди дека сè уште нема конечен договор

Читај повеќе

Филипче: Историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови, туку билатерални прашања

Читај повеќе

Ајкула нападна жена на плажа во Сиднеј

Читај повеќе

Трамп: Го ликвидиравме водачот на една од најопасните криминални организации во светот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија

Читај повеќе

Оркестарот на Филхармонија со изведба на Кармина Бурана на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон објави нови снимки од НЛО: Сведоците опишуваат црвени топки и необични светла

Читај повеќе

Премиерот на Пакистан: Постигнат конечниот текст на мировниот договор меѓу САД и Иран

Читај повеќе

Сончево време со мала локална облачност, температура до 28 степени

Читај повеќе